[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

ГОРАН БРЕГОВИЌ ГИ НОСИ „TRI PISMA IZ SARAJEVA“ ВО СКОПЈЕ!

Драги пријатели,

Задоволство ни е да ве информираме дека најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и попуарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот последен проект „Tri pisma iz Sarajeva“ и во Скопје, на 22 март во ВИП Арената.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите што ги носи на сите негови концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“, е најпродаван Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Месечина“, „Калашњиков“, „Едерлези“ и уште многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март.

Влезниците се веќе во продажба по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 1 (седење)- 1.500 денари

ПАРТЕР 2 (седење)- 1.200 денари

ПАРТЕР 3 (седење)- 1.000 денари

ТРИБИНИ (блок 1 и 15)- 700 денари

SILVER SEATS (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)- 1.000 денари

GOLDEN SEATS (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)- 1.200 денари

ВИП (блок 13)- 1.500 денари