[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 23.12.2018
Локација: Трикала - Каламбака - Метеора
Цена: 700 / 500 ден
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ГРАTЧЕТО НА ДЕДО МРАЗ и МЕТЕОРА

Трикала и Метеора – 23.12.2018

 

 

Си беше еднаш, во едно градче…

И овај Божиќ, во работилницатата на џуџињата се работи со полна пареа. Не пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Пченицата е ставена и чека да се почне да се работи со полн капацитет за истата да стане брашно.

Божиќ во работилницата на џуџињата е најслаткиот, најбаковитиот и најволшебниот.Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и мнооогу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти… Подготовките се одвиваат со месеци. Најпознатите пекари од светот одлучија да споделат со нас многу традиционални вкусови, насмевки и мнооогу моменти на среќа како за децата така и за возрасните. Го одбраа најубавото Божиќно село во светот и тоа е не толку далеку од нас. Токму во Трикала. Џуџињата одлучија да ја постават нивната работилница тука, на истата улица, а Дедо Мраз му дозволи и еве….Се е спремно за најсрекниот Божиќ и Нова Година !!!!

Приказната продолжува заедно со Нас…

Ве водиме на најубавиот Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Неколку години по своето основање проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој минатата година го посетиле повеќе од 850.000 посетители.

Името на панаѓурот е РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот. Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во Работилницата на Џуџињата ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки… Не заборавајте да понесете  ракавици и шалче, фото апарат, позитивно расположение и голема насмевка , Ве очекува  голема доза на среќа…

 

Во цената е вклучена и бесплатна посета на Метеори и работилницата за икони. Метеори е второто најважно место за посета во Грција! Првото е Акропол.

Местото е под заштита на УНЕСКО во две категории – природа и уметност. Едно е од само неколкуте места во светот, кои се квалифицирани во повеќе од една категорија.

Во извесен период, таму имало 24 манастири, од кои денес се останати само 6. Односно останати се само 20 монаси и 4 монахињи кои постојано живеат во манастирите. Намалувањето на бројот на манастирите и монасите, делумно се должи и на се поголемиот број на туристи. Монасите дошле на метеори во 14-ти век, барајќи безбедно место. Како резултат, единствениот пристап до манастирите бил со искачување по карпа или со пренесување со корпа. На Метеорите немало скали до 1920 година. Метеори е втората најголема заедница на монаси во Грција. Првата е Атос.

 

Програма на патувањето: 

Поаѓање на групата во 07:00 часот – Автобуска станица ТРАНСКОП. Патување преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи. Посета на Метеори и работилницата за икони.
Продолжуваме кон Трикала, волшебно место каде што се чувствува магија за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографираат со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата. Забавниот парк ќе ги импресионира како најмалите така и возрасните.

Цена за возрасни: 700 денари

Цена за деца до 10 години: 500 денари

 

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Посета на Метеори и работилницата за инони

 

Во цената не е вклучено:

  • Влезница во манастир во Метеори
  • Патничко осигурување (информации во агенцијата)