[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 29 Мар 2019 - 07 Апр 2019
Локација: Египет
Цена: 699 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ХУРГАДА со крстарење по Нил

(Луксор и Асуан)

Авион / 7 ноќевања / 10 дена

Ден 1 29 Март 2019 Скопје – Истанбул – Хургада

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:45 часот. Лет за Истанбул во 16:45 часот со Pegasus airlines. Слетување на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул во 20:10часот. Летот за Хургада е 00:05 часот по полноќ.

Ден 2 30 Март 2019 Хургада

Слетување на аеродромот во Хургада во 01:45часот. Претставник од агенцијата патрнер ќе Ве пречека на аеродромот, во делот пред пасошката контрола, за да Ви асистира околу вадењето виза и пасошката контрола. По завршувањето на пасошката контрола и царинските формалности, организиран трансфер до хотел. Пристигнување во хотел… можност да се користат содржините на хотелот, а сместувањето е по 14часот локално време. Слободен ден за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3 31 Март 2019 Хургада – Луксор (крстарење по Нил)

Појадок. Трансфер со автобус до Луксор – некогашаната престолнина на Древен Египед, во време на славните 18 династии на Фараоните. Од тука се качуваме на брод од каде започнува крстарењето по Нил. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање на брод.

Ден 4 01 Април 2019 Крстарење по Нил

Појадок. Утрото посета на источното крајбрежје, најстарото светилиште – Карнак. Посета на Храмот на Богот Амон – Ра, разглед на местото и киповите на Аон – Богот на сонцето и Мут – Кралицата Мајка. Враќање на бродот и ручек. Попладневна пловидба до Едфу – градот во кој се наоѓа прочуениот храм на Богот Хорус едно од најстарите божества, изграден во времето на Клеопатра. Прикажан е со глава на сокол и се поврзува со многу фараони во текот на нивниот живот и владеење. Вечера и ноќевање на брод во Едфу.

Ден 5 02 Април 2019 Крстарење по Нил

Појадок. Утринска пловидба до Ком Омбо – местото каде се изградени многу Птоломејски Храмови посветени на разни божества. Еден од нив, Богот – Собек, Бог со глава на крокодил на кого старите Египќани му принесувале жртви за да не бидат напаѓани од крокодили во текот на своите пловидби по реката Нил. По посетата на храмот Собек, се продолжува со пловидба до Асуан. Слободно време за одмор и релаксација. Ручек и вечера на брод. Ноќевање.

Ден 6 03 Април 2019 Крстарење по Нил

Појадок. Утрински разглед на Асуан Асуан – градот на љубезните Нубијци и место каде се собираат фелуките – традиционални Египетски бродчиња. Разглед на незавршениот обелиск и високата Асуанска брана од каде се протега најголемото вештачко езеро на светот – Насеровото езеро. По посета на Високата Брана (High Dam висока 111м), разгледот продолжува со посета на замокот посветен на египетската божица Изида кој се наоѓа на островот Фили 12км јужно од Асуан во реката Нил. Фили е остров и археолошки локалитет. Поради изградбата на Асуанската брана, храмовите во 1969год се пренесени на друг остров како не би биле оштетени од поплави. Замокот е под заштита на UNESCO од 1979 година. Ноќвање.

Ден 7 04 Април 2019 Крстарење по Нил

Појадок и крај на крстарењето. Трансфер до Хургада. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Хургада е познато летувалиште кое некогаш било мала рибарска населба, а денес претставува живописно летувалиште со богата туристичка понуда. Ноќевање.

Ден 8 05 Април 2019 Хургада

Појадок. Слободно време за одмор и релаксација. Препорачуваме – факултативно, излет со брод до коралните гребени каде може да уживате во прекрасниот подводен свети на рајската плажа на островот Гифтун. Или препорачуваме – факултативно, сафари со џипови низ пустинските дини во кои живеат гостољубиви бедуински племиња. Ноќевање.

Ден 9  06 Април 2019 Хургада

Појадок. Одјавување од хотел до 12ч по локално време. Слободно време и користење на хотелските услуги до времето за трансфер на аеродром.

Ден 10  07 Април 2019 Хургада – Истанбул – Скопје

Полетување за Истанбул во 02:10 часот (по локално време). Слетување во Истанбул во 06:00 часот. Летот за Скопје е во 10:25часот (по локално време). Во Скопје се слетува во 11:00 часот.

Цена во предпродажба до 08.02:

599€ (37.140 мкд)

Цена на аранжманот:

699€ (43.340 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Авионски превоз Скопје – Истанбул – Хургада – Истанбул – Скопје со Pegasus airlines

– Трансфери според програмата

– 3 ноќевања во хотел 4**** во Хургада на база СЕ ВКЛУЧЕНО (all inclusive)

– 4 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера) на брод од типот Ms.Nile crown 5* или сличен во двокреветни кабини.

– Разгледи според програмата со локален водич на англиски јазик

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

Аеродромски такси во износ од 150еур (9.300,00 мкд)

Влезна виза за Египет 25$ – се плаќа на аеродром

Бакшич во износ од 30еур (се плаќа на лице место)

– Пијалоци за време на оброците (се доплаќаат A la carte), на крстарењето.

– Факултативни излети

– Фотографирање

– Доплата за еднокреветна соба 210еур (13.020мкд).

– Сите неспоменати услуги

– Можност за доплата за хотел 5***** во Хургада  120еур / по лице