[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

ИСТАНБУЛ

Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.

Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.

Овој град секогаш е фасцинантен и магичен, па затоа дочекајте ја Новата година 2019 во Величествениот Истанбул.

ПРОМО цена 89евра по лице со уплата до 20.11.2018

Редовна цена 109 евра, трансфер од Битола 99 евра по лице.
ТЕРМИН: 30.12.2018 – 01.01.2018

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај
Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со лиценциран водич
Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
туристички пратител за време на престојот
организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-задолжително патничко осигурување
-факултативните излети:
-Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки –20 евра
-Топкапи палатата со лиценциран водич –20 евра
-панорамски разглед на европски и азиски Истанбул –15 евра
-крстарење по Босфорот –20 евра
-Долмабахче палата со лиценциран водич –25 евра
-Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси –25 евра
-Туркуазу Аквариум –15 евра
-Дочек на Нова година со крстарење по Босфорот (програма во подготовка)

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 75 евра:

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палатата
Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси


GOLD – 110 евра

Аја Софија
Топкапи
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палатата
Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси


PREMIUM – 125 евра

Аја Софија
Топкапи
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
Крстарење по Босфорот
Долмабахче палатата
Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси
Туркуазу аквариум

ИНФОРМАЦИИ:

За first minute цената се уплатува 30% аконтација за сигурна резервација. Остатокот се плаќа до една недела пред реализација на аранжманот
За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години за first minute плаќаат 60 евра
Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

ПРОГРАМА
Прв ден – 29.12.2018 (сабота)

Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 30.12.2018 (недела)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

По посетата на Долмабахче, следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.

Трет ден – 31.12.2019 (понеделник)

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Аја Софија

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

Слободно време до 20 часот кога патниците кои ќе одберат Новата година да ја дочекаат на брод и да крстарат низ Босфорот со добра забава, се чекаат на рецепцијата од хотелот и ќе се упатуваат кон пристаништето. Покрај добрата забава, следува мени со предјадење, главно јадење, десерт и неограничени пијалоци. Следува Дочекот на Новата година и враќање во хотел во договорено време. Програмата за Нова година е во фаза на подготовка и ќе биде објавена наскоро.

Четврт ден – 01.01 (вторник)

Доцен појадок и поаѓање од хотелот во договорено време. Потоа групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Турција.
Пасошот треба да се со минимум 5 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на
рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Организатор на патувањето е туристичката агенција Go Travel од Скопје со лиценца А (Министерство за економија).
Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. АРИЕС и СКТМ