[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 23 Окт 2014 - 26 Сеп 2014
Локација: Кападокија, Турција
Цена: 399 Еур
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

Кападокија (авион)

 

Кападокија

23 Октомври (четврток). Состанок на групата на aеродромот „Александар Велики„ во 07:00 часот. Полетување за Кападокија, преку Истанбул во 13:10 часот. Слетување во Кападокија во 14:25 часот. Организиран разглед на Кападокија, при што прошетката ја започнуваме со посета на долината „Dervent“ и прекрасните лунарни пејзажи, каде можат да се видат различни карпести формации, посета на долината „Zelve„ и градот Аванос (познат по грнчарски и по керамички работилници), долината на калуѓерите составена од карпи или т.н. „самовилски оџаци со капа“ во кои калуѓерите живееле во изолација. Организиран ручек во специјален локален ресторан. Разгледот продолжува до „Uchisar Roсk Castle“, најимпозантната карактеристика на овој регион, кој е највисоката и најдоминантната точка што ќе ви го „одземе“ здивот пред панорамата што ја гледате. На крајот на денот се посетува „Esentepe Windy Hill“ со убав панорамски поглед и можност за фотографирање. По завршување на разгледот следува трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

24 Октомври (петок)

 Појадок.  Прошетката продолжува со посета на „Three Sisters Fairy    Chimneys“ во Угруп кои се многу популарни и често рекламирани.       Продолжуваме до Долинатa на гулабите која е од големо значење за луѓето  од Кападокија. Луѓето правеле живеалишта на гулабите во карпи исти како куќите за луѓето. Следна станица е „Goreme“ музејот на отворено каде што ќе уживате во фантастичните  цркви во камен и византиските фрески стари многу векови. Оттука прошетката ја продолжуваме кон „Mustafapasa“, минувајки низ старите, сочувани села во Кападокија, опкружени со планини, а „Мustafapasa“ (Sinasos)  претставува стар грчки град со спектакуларни стари грчки куќи и архитектура. Паузата ја правиме во Ургуп на ручек во традиционален локален ресторан. По ручекот, следува прошетка низ Црвената долина, прошетка од околу 4 км во една од најатрактивните централно лоцирани долини на Кападокија со прекрасни формации во вулканските карпи. Карпестите цркви во пустината со фрески и слики се вклопуваат со медитациската атмосфера во долината која е недопрена од природата. Крајот на прошетката завршува со посета на античкото село „Cavusin“ и  „Turasan“ – фабрика за вино во Ургуп каде имате шанса да вкусите светски познати вина од Кападокија.   Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

kap5              kap2

25 Октомври (сабота)
Појадок.  По појадокот се спуштаме во „Центарот на земјата“ во Kaymakli Underg round City, едeн од најголемите и најдлабоките од 200-те подземни населби  во Кападокија. По еден час возење до Narigol кратерското езеро, застануваме на пауза за сликање на познатата Ihlara Valley (Grand Caynon), познатата долина (големиот кањон) кој е оформен од вулкански материјал, наречен базалт. Неговите ѕидови достигнуваат висина до 150 метри, кои биле користени од Христијаните за да го избегнат Римскиот прогон. Пешачење по кањонот 3 км. Попатно ќе ја посетиме Црквата, која е изградена во 10 век и е наречена „Agacalti Church“ (црква изградена од дрво). На крајот на прошетката, следува ручек во “Belisirma“, во близина на реката „Melendiz“. По ручекот, наша следна станица е манастирот Selime. Ова е најголемиот манастир во регионот, кој датира уште од 6-от век. Манастирот е врежан во огромна карпа.  Вашиот водич, ќе ви спомене за монашкиот живот во Кападокија. На крајот од турнејата ќе го посетиме Agzikarahan Caravanserai, многу добар пример на уметноста на турските Seljuk, изградени во раниот 13 век на легендарните Silk Road, кои биле за сместување на трговците и нивните камили. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

26 Октомври (недела )
Појадок.
По појадокот, за денешниот ден е планирана посета на „Taskinpasa Caravaserai“, типично село во Кападокија со Medrese (богословско училиште) и џамија, кои датираат од периодот на Селџуците, како и посета на „Sahinefendi“. Потоа го посетуваме „заборавеното“ село „Guzeloz“ кое рапсолага со многуте негови византиски периоди и тумби, во кои ќе уживаме низ прошетката преку истражување на Арменискиот стил на црквите и манастирските рушевини. Наша следна станица е манастирот Keslik, една од најголемите монашки области, со неколку цркви врежани во карпите. Ќе продолжиме до долината Soganli, исто така, позната и како Долина на куклите, каде што ќе направиме пикник-ручек и прошетка низ долината за да ги видиме црквите што датираат од 12 и од 14 век. Исто така, можно е и јавање на магаре. Враќање назад во хотелот. Вечера. Ноќевање.

27 Октомври (понеделник)
Појадок. 
По појадокот, организиран трансфер до Аеродром.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 455 € (28.210,оо ден.)

За уплати до 30.09.2014: 399 € (24.740,оо ден.)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски билет на релација Скопје- Истанбул- Невшекир- Истанбул- Скопје
– Организиран трансфер од Аеродром до Хотел и обратно
– Сместување во хотел ****, 4 полупансиони
– Организирани разгледи и екскурзии по програмата со локален водич, вклучен ручек без пијалаци (вклучени влезници).
– Организација на аранжманот и придружник на патувањетоВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси  151 €
– Групно патничко осигурување
– Останати индивидуални трошоци неспоменати во програматаНАПОМЕНИ
– Цената е дадена по лице за пакет анражман во двокреветна соба
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Ариес и Аса Тур