[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

КЕФАЛОНИЈА 2019

ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА

20% ДО 15 -ти февруари !!!

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалонија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Датум на поаѓање

Почеток на аранжманот

Крај на аранжманот

 1/2

 1/3

 1/4

 1/5

 1/6

07.07.2019

08.07.2019

17.07.2019

299 €

279 €

/

/

/

16.07.2019

17.07.2019

26.07.2019

329 €

309 €

299 €

289 €

289 €

25.07.2019

26.07.2019

04.08.2019

329 €

309 

299 €

289 €

289 €

03.08.2019

04.08.2019

13.08.2019

329 €

309 €

299 €

289 €

289 €

12.08.2019

13.08.2019

22.08.2019

319 €

299 €

289 €

279 €

279 €

21.08.2019

22.08.2019

31.08.2019

309 €

289 €

279€

269 €

269 €

ЦЕНИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПО ЛИЦЕ!

ВИЛА КИКИ

Вила Кики располага со двокреветни студиа, четирикреветни апартмани и еден апарман со 3 спални. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

 

ВИЛА АЛЕКОС

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни апартмани и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место
), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

ВИЛА АСТИР

Вила Астир располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса. Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.

ХОТЕЛ МИХАЕЛА

Хотел Михаела располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), мини фриждер и тераса. Се наоѓа на 600 метри од центарот на градот и на 250 метри од плажа.

Цената на аранжманот вклучува
  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa
Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување
Напомена:
  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува .
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Доколку тргнувате од друг град, а не Скопје, може да се информирате во агенција
  • За резервации направени на EARLY BOOKING се уплаќа 50% од целосната сума при резервација, остатокот до 30 дена пред поаѓање

Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.

Напуштање на собите е во 10:00 часот.

Тргнувањето од Кефалонија/Порос е предвидено во попладневните часови.

Користење само на превоз е 90евра.

Дали знаете?

  • Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.
  • Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.
  • Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.

Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

Чудесните плажи на Кефалонија

Најубавот што може да го понуди Кефалонија, се секако нејзините плажи. На најубавите од сите ќе поминеме дури 4 дена. Ќе ги посетиме вистинските бисери на Кефалонија: Myrthos, Antisamos, Skala.

На плажите нема само да уживаме на песокот и да се бањаме во кристално чистото море, туку ќе учествуваме во разни спортски натпревари, спортови на вода и игри без граница. Понесете си пешкир и забавата може да почне.

Крстарење до Закинтос

Ова ќе биде незаборавна авантура, следува целодневно крстарење до Закинтос, со посета на Blue Caves, местото Агиос Николаос и прекрасната плажа Навагио.

Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада.Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.

Плажа Антисамос

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

Плажа Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака  

Крстарење до Островот Закинтос

Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек.

Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли

Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот.

Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја.

Во овој град ќе можете да посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

Етно Тура

Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија.

На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро.

Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално.

Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров.

Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос.

Вечерен излет во Скала

Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари.