[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 22 Мар 2019 - 24 Мар 2019
Локација: Белград, Србија
Цена: 3.600 денари
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА АВТОМОБИЛИ И МОТОЦИКЛИ ВО БЕЛГРАД

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!

22.03 – 24.03.2019 / ноќевање со појадок

 

1 ДЕН – 22.03.2019 Петок, Битола – Белград

Состанок на групата на пероните на  Автобуската станица Транскоп во Битола, во 22:30 часот. Поаѓање за Србија во 23:00 часот. Ноќно патување со кратки попатни паузи. Патот води кон Куманово, Врање, Лесковац, Ниш…

 

2 ДЕН – 23.03.2019 Сабота, Белград

Пристигнување во утринските часови во Белград. Посета на саемот од 10:00 до 13:00 часот. Панорамско разгледување на градот: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Мостовите на Сава. Слободно време за прошетка, шопинг и кафе во некој од локалитетите на улицата „Кнез Михајлова“ и посета на тврдината „Калемегдан“. Пријавување и сместување во хотелот – брод „Compass River City Boatel“ на реката Дунав. Во близина на хотелот се наоѓа познатиот трговски центар „Usce“. Можност за индивидуална посета на трговскиот центар. Препорачуваме посета на некој од сплавовите во близина за вечера или пијалок на реката Дунав. Ноќевање.

 

3 ДЕН – 24.03.2019 Недела, Белград – Ниш – Битола

Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на ИКЕА. Слободно време за шопинг. Потоа се упатуваме кон градот Ниш, проследено со попатни паузи. Пристигнување во градот Ниш. Посета на „Череп кулата“. Индивидуален разгледа на градот, турската тврдина во центарот, плоштадот „Цар Милан,“ трговскиот центар „Forum“, „Казанџиското сокаче“ кое е дел од првата стара чаршија во градот. Препорачуваме посета на „Казанџиското сокаче“, каде што има ресторани со традиционална храна(одлична скара) и прекрасни кафетерии. Ручек (индивидуално). Поаѓање за Битола.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 3600 денари (по лице)

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање со појадок во хотел – брод,
  • Автобуски превоз до наведените релации,
  • Разглед на градовите Белград и Ниш,
  • Влезница за саемот.

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување,
  • Влезница во музејот „Череп кула“.

 

ИНФОРМАЦИИ И ГАЛЕРИЈА ЗА АРАНЖМАНОТ

 

САЕМ ЗА АВТОМОБИЛИ И МОТОЦИКЛИ

Најновите модели на автомобили, на пазарот, ќе бидат претставени на саемот за автомобили во Белград. Саемот свечено ќе биде отворен на 22 март (петок) и ќе трае до 31 март.  Мотоцикли, мопеди, скутери, резервни делови, опрема и алати… Автомобилски и мото клубови и организации, ќе бидат присутни на саемот. Специјална хала за олд тајмери. Гламур, луксуз, бренд, квалитет се на едно место. Информации за излагачите на саемот и подетални информации, можи да погледнете на следниот линк http://sajamautomobila.rs/ .

 

БРОД – ХОТЕЛ „Compass River City Boatel“

„Compass River City“ е прв хотел – брод на реката Дунав во градот Белград, со 81 удобна кабина, 6 апартмани, базен, реасторан и голема тераса. Од терасата има прекрасен поглед кон тврдината „Калемегдан“ и реките Дунав и Сава. Од копнената страна има парк со клупи и пешачка патека. Вистинско место за релаксација кои успеало да ги спои природата и градот.

Линк од хотелот за виртуелен поглед http://compassrivercity.com/360.php

Линк од хотелот http://compassrivercity.com/index.php

 

НИШ – НИШАВА – ТУРСКА ТВРДИНА – КАЗАНЏИСКО СОКАЧЕ – ЧЕРЕП КУЛА