[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

OHRID CALLING 2019

DAY 1: STEVE AOKI, HUGEL, MAURICE WEST, GALOSKI + opening act

DAY 2: NERVO, FEDDE LEGRAND, MARKUS SCHULZ, OLLY JAMES + opening act

DAY 3: VINI VICI, KUNGS, BLASTOYZ, BART BMORE + opening act

DAY 4: ROBIN SCHULZ, SUNNERY JAMES & RYAN MARCIANO, MARTIN JENSEN, BRUNO MARTINI + opening act

НАЈГОЛЕМ МУЗИЧКИ НАСТАН ВО ИСТОРИЈАTA НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
ПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД!

Драги пријатели,

 

Со навистина огромно задоволство сакаме да Ви го најавиме досега најголемиот проект на Авалон Продукција во нашата 26 годишна работа во Република Македонија- фестивалот OHRID CALLING 2019.

 

После минатогодишното издание на OHRID CALLING кое со спектакуларните настапи на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin van Buuren навистина направи од фестивалот бренд денес познат низ целиот свет, пред Вас е годинешниот line-up којшто го сочинуваат 16 светски артисти кои ќе настапат на досега кај нас невидено четиридневно доживување, на кое очекуваме минимум 20.000 посетители по ден, од цела Европа.

 

Поради тоа што сме секојдневно бомбардирани со прашања за информации околу овогодинешниот фестивал, во оваа најава покрај имињата на артистите ги објавуваме и цените на влезниците кои се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

 

БЛОК ВЛЕЗНИЦИ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 2.990 денари (49 евра)
ФАН ПИТ- 3.990 денари (65 евра)
ВИП – 6.000 денари (100 евра)

 

EДИНЕЧНИ ЦЕНИ НА ВЛЕЗНИЦИ ПО ДЕН:
ЕДИНЕЧЕН ПАРТЕР- 1.200 денари (20 евра)
ФАН ПИТ- 1.990 денари (33 евра)
ВИП- 3.000 денари (49 евра)

 

Како што можете да забележите, се работи за навистина неверојатно прифатливи влезници за четиридневен фестивал, со ваков line-up.

 

Oдиме понатаму, сите заедно! Ние, Вие и Охрид!