[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Плитвички езера

 

Белград – Бања Лука – Бихаќ – Плитвички езера – Загреб

 

1.Ден 26.04.2019 -(Петок)-Состанок со групата во 23:45 часот од пред спортска сала Младост во Битола. Поаѓање во 00:00 часот. Ноќно возење со попатани паузи и царински формалности преку граничен премин Табановце.

 

2.Ден 27.04.2019-(Сабота)-Пристигнување во утринските часови во Белград, панорамски разглед со локален водич како и прошетки и разгледи во центарот на градот, тврдината Калемегдан, храмот Св.Сава, Кнез Михајлова итн..по разгледите слободно време. Во договорено место и време поаѓање за во хотел, сместување. Ноќевање.

 

3.Ден 28.04.2019-(Недела)-Појадок. По појадокот поаѓање за Бихаќ. Попатно застануваме во Бања Лука, најголем град во Република Српска (БИХ), слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот, тврдината Кастел итн..Во договорено време и место поаѓање за Бихаќ. Сместување во хотел. Слободно време за прошетки. Ноќевање.

 

4.Ден 29.04.2019-(Понеделник)-Појадок. По појадокот поаѓање за Плитвички езера. Пристигнување во утринските часови во прекрасниот национален парк во Хрватска. Паркот изобилува со природна убавина, водопади, езерца, шуми и пејзажи кои ѓи воодушевуваат сите посетители. Разгледите во националниот парк се со локален водич. Во договорено време поаѓање со водичот за Загреб, панорамски разглед и разгледи и прошетки во центарот на градот. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Хрватска и Србија со попатни одмори и царински формалности.

 

5.Ден 30.04.2019-(Вторник)-Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

Цена: 7,990 денари за резервации до  15.03.2019   

Редовна цена на аранжманот: 8.590 денари

 

Во цената е вклучено:

–  Автобуски превоз на дадените релации

–  1 ноќевање со појадок во хотел во Белград

–  1 ноќевање со појадок во хотел во Бихаќ

–  Разгледи на Белград,Плитвички езера и Загреб со локален водич

–  Пратител од агенција

–  Организација, водство и реализација на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

·     Патничко осигурување

·     Влезници во културно историските споменици

·     Влезница во Национален парк-Плитвички езера 25 еу за возрасни и 15 еу за деца од 7-18 години

Напомена!!!

За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, доколку за факултативните посети се потребни минимум 25 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А. АРИЕС Битола. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање.