[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Поклоничко патување Острошки Манастир

3 дена/ 1 ноќевање

1 ден: 30.11.2018 Петок Поаѓање за Будва од Битола на паркингот Спортска сала во 20.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Р.Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 01.12.2018 Сабота Пристигнување во Будва во претпладневните часови (кафе-пауза и фотографирање на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море),  прошетка по стариот град и можност за шопинг со како и  посета на Котор (кратка пауза за прошетка по стариот град) Заминување за Острошки манастир. манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век со можност да се поклоните на моштите на светецот). Слободно време за негово разгледување. Ноќевање1.

3 ден: 02.12.2018 Недела После посетата на манастирот организиран  ручек  со специјалет јагнешко печење – факултативно.  Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Попатна посета на  Тирана и можност за шопинг. Пристигнување во Битола во  доцните вечерните часови.

ЦЕНА: 1,700 денари

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во дворот на манастирот
  • Посета на манастирот Св.Василије Острошки (вклучен трансфер со комби до манастирот)
  • Посета на Св.Стефан
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Влезници за посети
  • Ноќевање во конак 5 Еур
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес

Чудата на Острог не престануваат:
Манастирот во кој што почива Свети Василиј Острошки е место на кое што многу верници успеаа да го пронајдат и својот спас…

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет.

Причината за тоа се бројните чуда кои што се случуваат во ова карпесто црквено здание. Од тие безбројни исцеленија мал број е запишан и објавен пред минатата светска војна. Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик.

Реки од верници го посетуваат манастирот во кој што доаѓаат пешки, а голем процент од посетителите се брачни парови кои што не можат да имаат деца. Но, не е мал и бројот на жените кои што после посетата на вечната куќа на прочуениот светец останале бремени, а сите до една веруваат дека токму свети Василиј ги благословил, па останале бремени.

Се верува и дека виновата лоза која што расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, поточно дека нејзините плодови ја лечат неплодноста.Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог,каде се сместени две мали цркви:горна-посветена на Светиот Крст, и втората посветена на Воведение на Богородица.Сместување во Долен Манастир,кој поседува 29 повеќе креветни соби (8,10 кревети во соба)или можност за сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат или во манастирскиот двор.Во манастирот се добиваат ќебиња и душек.
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата