[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Вила Natassa Valentino Полихроно

17% попуст за резервации и целосна уплата до 17.02.2018

10% попуст за резервации и целосна уплата до 31.03.2018

5% попуст за резервации и целосна уплата до 30.04.2018

ОПИС НА ОБЈЕКТОТ :

Вила Natassa Valentino. Една од најпопуларните вили во Полихроно, сместенa на 90 метри од плажа и на 800 метри до центарот на градот. Погодна за семејства со деца. Прекрасен зелен двор со лежалки, маси, играчки за деца, гарнитура за седење, скара, како и заграден паркинг исклучиво за гостите на вилата. Сместувачките единици на овој објект, се состојат од класични апартмани 1/3 + 1 и 1/4 дуплекс. Апартманите 1/3 + 1 се сместени на сутерен, прв и на втор спрат. 1/4 дуплексите се сместени на сутерен. Сите апартмани во вилата имаат купатило, ТВ, клима, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемати, комарници, бебешко креветче (по потреба). Предвидено е секојдневното одржување на хигиената на вилата од страна задолжено лице за тоа.

И како што им кажуваме на сите наши гости … сакаме да ги третираме сите како наши пријатели и семејство!

ОПИС НА АПАРТМАНИТЕ:

1/3 +1 АПП: се наоѓаат на сутерн и втор спрат. Составени се од комплет опремена кујна (на сутерен се со шпорет и комбиниран фрижидер), кревет на развлекување погоден за 1 возрасен и 1 дете, спална соба од која се излегува на пространа тераса, се наоѓаат два стандардни кревети, купатило,ТВ, клима Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна …

(можност за сместување на 3 возрасни и 1дете до 12 г. ).

1/4 дуплекс: се наоѓаат на сутерен. Составени се од две одвоени спални соби (едната со француски лежај, а другата со два стандардни кревети), кујна, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна ….(можност за сместување на 4 возрасни)

Сутерен (бр. 1 , 2 , 3)

1 дуплекс (2возрасни +2деца или 4 возрасни)

2 апартмани 1/3+1 (2возрасни +2деца)

бр.1 спална + 2 посебни кревети (Д)

бр.2 спална + 1 на развлекување (А)

бр.3 спална + 1 на развлекување (А)

II спрат (бр. 6, 7)

2 апартмани 1/3+1 (2возрасни +2деца)

две тераси (напред и назад) од кои едната тераса е со поглед на море

бр.6 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)

бр.7 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)

ЛОКАЦИЈА: GPS Кординати: 40.020721,23.519095

Check in: 14:00h.

Check out: 10:00h

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.

Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра без попуст.

Период

Ноќевања

1/3+1 апп

1/4 дуплекс

Коментар

19.05-26.05.2019

7

81

91

промо

26.05-02.06.2019

7

111

121

промо

02.06-09.06.2019

7

161

181

09.06-16.06.2019

7

241

261

16.06-23.06.2019

7

321

361

23.06-30.06.2019

7

351

381

30.06-07.07.2019

7

371

401

07.07-14.07.2019

7

391

431

14.07-21.07.2019

7

411

431

21.07-28.07.2019

7

431

461

28.07-04.08.2019

7

431

461

04.08-11.08.2019

7

431

461

11.08-18.08.2019

7

431

461

18.08-25.08.2019

7

391

421

25.08-01.09.2019

7

351

371

01.09-08.09.2019

7

271

291

08.09-15.09.2019

7

211

231

15.09-22.09.2019

7

151

171

промо

22.09-29.09.2019

7

81

91

промо

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.


При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.За два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин.

Во цената е вклучено: Ноќевање, клима уред и wi-fi.

Во цената не е вклучено: Превоз, патничко осигурување.

ВАЖНA НАПОМЕНА : За хигиената на апартманите, секој гостин се грижи за својот апартман. (објектот не поседува крпи). Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Вилата се смета за една од нај одржуваните , затоа да бидеме добри гости. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во агенција)

Одалеченост:

Солунски аеродром: 87км

Ханиоти: 5км

Пефкори: 9км

Калитеа: 11км

Центар на Полихроно 800м

Организирана плажа со лежалки, кафе / пијалоци и водни спортови: 150 метри (пеш) !!!

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

04:00 h Битола ( Пред спортска Сала) – 30€ по лице

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€ по лице

02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја недела):

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 40€ по лице

04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) –35€ по лице

05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) Трансфер до Удово –40€ по лице

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

06:00 h Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

  • Деца од 2 до 11,99 години:

  • Попуст 10 Евра од редовната цена (за поаѓање од Битола) Попуст 15 Евра од редовната цена (за поаѓање од Скопје)

  • Деца до 1,99 години бесплатно

  • Возрасно лице над 63год – 10еур попуст 

Поаѓање од Грција:

15:15 h локално време, (14:15 h мак.време) Неа Потидеа

15:00 h локално време, (14:00 h мак.време) Калитеа

14:45 h локално време, (13:45 h мак.време) Полихроно

14:30 h локалнп време, ( 13:30 h мак.време) Ханиоти

14:15 h локално време, ( 13:15 h мак.време) Пефкохори

ОСТАНАТИ УСЛОВИ

Попустите не може да се комбинираат.

Во АПП е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),

Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,

При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место. Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Предлог посета на места: Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 30km од Полихроно се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. А доколку сакате да уживате во Карипски стил на само 6km од Полихроно се наоѓа, плажата Molos Beach Bar во Ханиоти. Опкружен со зеленило и убаво уреден парк, одличен е за активности на отворено како и терен за тенис и фудбал. Плажа има обезбеден паркин, гардероба и тоалет. Песочна плажа со чиста водата, уредена со лежалки и чадори за сонце. Во текот на сезоната, барот е исполнет нон стоп, посебно во времето на викендите. Ако сакате да го почуствувате Африканскиот стил тогаш Elephnat Beach Bar во Пефкохори е идеалното место за вас. Од Полихроно е одалечено 10km. Elephnat Beach Bar e една од најпопуларните плажи на Халкидики. Етничката декорација со удобни дрвени лежалки и перници ги замаглуваат очите уште од првиот момент, а во комбинација со сините води создаваат посебно чувство. Преубаво кафе, врвни освежувачки коктели и вкусни закуски се некои од опциите што ги нуди. Исто тука се наоѓа и уште еден прекрасен бар Umbrellas Beach Bar . А во непосредна нивна близина, а од Полихроно одалечено 15km се наоѓа Cabana Beach Bar во Палиури. Кристално чистa водa и сертифицирани академии за нуркање, плишани перници и позитивни вибрации се дел од имотот на Cabana Beach Bar. Тоа е место за убаво летно расположение и незаборавно искуство на плажа.
За младите кои што сакаат ноќни забави на 10km од Полихроно се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики,
Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е 10€.
Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики-
Афитос, кое е одалечено 14km од Полихроно. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.