[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

РИМ ЗА 1 МАЈ
( АВИОНСКА ПРОГРАМА)

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

04.05.2018  ( Петок ) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:40 часот. Лет за Рим во 13:40 часот. Слетување во Рим во 15.25 часот. Трансфер до хотелот и сместување.
Трасфер за до Рим и панорамско разгледување на градот:Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар…
Трансфер до хотелот и сместување. Вечерта слободна програма, можност да се почувствува атмосферата во италијанските кафулињата или ресторани. Ноќевање.

05.05.2018  ( Сабота ) РИМ – ВАТИКАН- ТРИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар…Препорачуваме факултативна посета на посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – ренесансната палата од 16 век со своите илјада фонтани. Во попладневните часови препорачуваме прошетака низ Рим.  Ноќевање

06.05 2018 (Недела  ) РИМ
Појадок. Прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Црквата Св. Климент… Вечерта, факултативно, прошетка по боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

07.05.2018 ( Понеденик  ) РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 16:00 часот. Пристигнување во Скопје во 17:35 часот.

Цена во претпродажба до:
25.03.2018  298€  ( 18.476 денари)
26.03.2018  340€  ( 21.080 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Кабинска торба со димензии 55х40х23 до 10кг
Сместување во хотел со *** во ценарот на градот на база 3 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Аеродромски такси 2.700 денари
Багаж – чекиран куфер до 20кг – 2.500 мкд
Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница
Организирани пешачка прошетка низ центарот на Рим
Посета на Тиволи со локален водич и влезница
Факултативна вечера во ресторан
Влезници во музеите и културно историските споменици
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување

ЦЕНИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА :
Организиран панорамски разглед на Рим со водич – 10 €
Организирана факултативна посета на Ватикан , црквата Св.Петар и Сикстинската капела – 45 €
Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил 35 €,
Организирана посета на Тиволи со локален водич 25 €
ЦЕНИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО :
Организиран панорамски разглед на Рим со водич – 15 €
Организирана факултативна посета на Ватикан , црквата Св.Петар и Сикстинската капела – 53 €
Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил 43 €,
Организирана посета на Тиволи со локален водич 35 €

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
Начини на плаќање:
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
Општи напомени за патување:
Т.А. Ариес го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.