[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 25 Мај 2018 - 28 Мај 2018
Локација: Rodos, Grcija
Цена: 299 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

 

РОДОС- Бисер на Медитеран
3  ноќи /4  Дена авион
25.05.2018-28.05.2018

 

Родос е еден од најубавите и најкарактеристични градови на Грчките Острови , со историја која датира многу векови наназад.
Родос (грчки: Ρόδος) е најголемиот од островите на Додеканезите и во поглед на копнена површина и на население. Се наоѓа во источниот дел на Егејското Море, на запад од турскиот брег. Сместен е помеѓу грчкото копно и островот Кипар. Во 2001 имал 117.007 жители од кои 53.709 живееле во главниот град на островот.
Овој град е најпознат по Колосот од Родос, кој бил едно од седумте светски чуда. Тврдината на градот Родос, која била изградена од страна на рицарите болничари е еден од најдобро зачуваните градови во Европа. Од 1988 година е објавен за објект од светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Денеска, градот е една од најголемите туристички атракции на Балканот.
Колосот од Родос (грчки: Κολοσσός της Ρόδου) е едно од седумте светски чуда од античко време. Колосот претставувал бронзена статуа на богот на сонцето Хелиос. Се наоѓал на островот Родос во Егејско море. Статуата имала висина од 36 метри и во тоа време била најголемата во светот. Статуата е дело на Харес од Линдос и е завршена во 280 година п.н.е.
1 ден 25.05.2018 – Петок (Солун-Родос)
Состанок на групата во 10,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Солун во 10:30 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Пристигнување на аеродром , и попладневен лет во 18:50 до 20:10 грчко време. Пристигнување на Родос , трансфер до хотел и ноќевање во хотел 3* во центарот на градот. Ноќевање 1.
2 ден 26.05.2018 Сабота ( Родос -Аг.Нектариус, Долина на Пеперутките, Профитис Илиас)
Појадок. Факултативно (55 eur)  – организирано заминување за екскурзија , разглед на островот Родос , со посета на праисториски знаменитости , дегустирање на локалната кујна , вкусување на вино и масло од Родос.
Посета на Црквата Агиос Нектариос , позната како извор на благослов и Црквата на Св. Николаос Фунтукли од 15ти век.
Посета на долината на пеперутките , каде што децата и возрасните можат да се воодушевуваат од прекрасната природа со подвижно вовче, да шетаат низ клисурата , каде што прекрасните инсекти од Арлекин доаѓаат од одамна.
Со заоблени планински венци , ќе се искачиме на врвот на планината Пророк Илија, ќе ја посетите Италијанската вила , позната како Мусолини Дача . Вештината на архтектите , нивната способност за органско внесување на градба во планински терен е восхитувачка. Враќање во хотелот. Слободно попладне.Ноќевање 2.

3 ден 27.05.2018 Недела ( Родос Медитеранска голема тура)
Појадок. Факултативно (55 Еур) патување до античкиот град Линдос , лоциран 55км од главниот Град на Родос , разглед на источниот брег на островот. Пристапувајќи кон Линдос ќе приметите дека можеби ова е најсликовитото место на островот.
Лавиринтот од тесни калдрмести улици, куќи од бел камен, газењето по падините на ридот , средновековни зидини , лаконска архитектура и погледи кои ќе ве остават без здив-сето ова ќе го направи Вашето качување до Античиот Акрополис да изгледа како патување во минатото. На ова додадете ознаки од Романската, Турската ,Италијанската и Венецијанска култура кои влијаеле вра локалниот живот и традиции и ќе разберите зошто ЛИНДОС привлекува туристи од целиот свет. Во склоп на оваа екскурзија ќе посетите работилница каде што се изработуваат керамички производи.
Потоа се застанува на уште едно уникатно место на островот Манастирот на Панагиа Цамбика. Чудотворната икона на мајката на божицата Цамбика донесе слава на овај манастир. Според легендата, таа е заштитничка на мајчинството и плодноста.
Комплетирањето на турата на источниот брег ќе биди со одмор во ресортот 7 Springs. Изворска вода ќе дополни на Вашата живост и свежост , а за тие кои сакаат подмладување и ослободување од негативната енергија , се препорачува за пешачат низ тунелот долг 186м. Враќање во хотелот. Ноќевање 3.
4 ден 28.05.2018 Понеделник Слободно време. Лет за Солун.
Појадоk. Одјавување од хотелот до 10 часот. Слободно време за разглед на градот , уживање на прекрасните плажи и останати индивудални активности. Поаѓање за аеродром од хотелот во 18:30 часот. Ноќен лет од 21-22:20 часот грчко време. Пристигнување во Солун.

Цена на аранжманот: 299 еур/ 18.530,00 денари

промо цена за уплата до 20/04/2018 :  279 Еур/17.298,00

Цената на аранжманот вклучува:
-3 ноќевања со појадок во Хотел ЕУРОПА 3* www.europahotelrodos.gr/
-Трансфер од аеродром до хотел и обратно
– локален преставник на агенцијата
-Организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Организиран повратен трансфер до аеродром Солун, 30 Еур од Скопје , 20 Еур од Битола.
    – Патничко осигурување
    -Факултативни излети
    1. Агиос Нектариус, долина на пеперутките, Пророк Илија  55 Еур
    2. Медитеранска голема тура 55 Еур
    -Индивидуални трошоци на патниците
  • НАПОМЕНИ:
    * ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
    * За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
    * За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
    * Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
    * комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
    * Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
    * Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
    Општи напомени за патување:
    – Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
    – За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
    – Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

-Важат Општите услови на патување на СКТМ