[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 25.04.2019 - 30.04.2019
Цена: 239 EUR - 219 EUR до 15.03.2019
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

САНТОРИНИ – ИОС – ВЕЛИГДЕН

Монденскиот, традиционалниот, мистичен – неверојатно романтичен Санторини за време на најголемиот христијански празник Велигден е центар на светот! Имате можност да го посетите најсветото место на Санторини – Пиргос, каде на традиционален начин се прославува Христовото Воскресение. Архипелагот од вулкански острови (Киклади) се наоѓа 220 километри југоисточно од копното на Грција и со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Опфака територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км.

 

1.ДЕН (25.04.2019 – Четврток) БИТОЛА – АТИНА (ПИРЕА) Состанок на групата на градската автобуска станица во 17:00 часот. Поаѓање за Грција во 17:15 часот… се патува преку г.п. Меџитлија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) кон Атина/ Пиреа.

 

2.ДЕН (26.04.2019 – Петок) ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на фери. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот…пловидба кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот, следи трансфер од пристаниште до хотел – сместување во хотел во Камари. Време за краток одмор и релаксација. Околу 21.00 часот – следи факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Вракање во хотел. Ноќевање.

 

3.ДЕН (27.04.2019 – Сабота) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот…археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)…посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли – Калдера. Во вечерните часови посета на најмонденското селце OIA…можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали – враќање во хотел. Ноќевање.

 

4.ДЕН (28.04.2019 – Недела) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел.  Ноќевање.

 

5.ДЕН (29.04.2018 – Понеделник) САНТОРИНИ-ИОС Појадок. Ден за слободни активности, индивидуални прошетки, плажа и сончање. Посета на кафетерии, локални таверни. Со еден збор кажано уживање по Ваша желба,  или предлог од агенцијата факултативна посета на островот Иос кој што се наоѓа на само 2 часа пловење со брод од Санторини…островот има површина од 108км², должина 17км, и ширина 7,5км. Еден од попопуларните Кикладски острови заради бурниот ноќен живот и преубавите плажи. Како и островот Санторини така и островот Иос и сите останати Киклатски острови има медитеранска клима. Центарот на сите случувања е главниот град Хора и истиот плени со својата убавина и својата историја во комбинација со модерниот начин на живеење и луди журки и забави, со тоа целосно го оправдува името ,,Грчка Ибица’’. На островот Иос има голем број на плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е  Mylopotas, која е една од најубавите плажи на Егејското море. Постојат многу плажи на Иос, за кои ќе помислите дека сте го доживеале рајот на земјата. Тие се  покриени со прашкаст бел песок, кој се прелева во кристално сино море. Најпопуларни плажи се :  Mylopotas, Manganari, Jialos, Koubaras, Agia Teodot.  Има и многу нешта кои што можат само да се видат на островот Иос, кои со пишани зборови тешко се пренесуваат, токму затоа ви препорачуваме да го посетиме овој остров каде ќе имате можност да го доживеете, а потоа многу лесно и вие да го прераскажете. По разгледот и посетата на островот Иос, на истиот ќе имаме можност и време за слободни активности, индивидуален ручек во некоја од традиционалните локални таверни покрај море, време за прошетка по скалестите и тесните улички на Хора и во вечерните часови повторно со брод пловење према Санторини, пристигнување на пристаниште Атињос, трансфер до хотел. Ноќевање. 

 

6.ДЕН (30.04.2019 – вторник) САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery  Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата следи слободно време во Фира и околу 14.00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    14.820,00 ден. (239 €)

     13.580,00 ден. (219)за ЦЕЛОСНА УПЛАТА до 15.03.2019) !!!

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Превоз со високо туристички автобус на релација Битола – Пиреа – Санторини – Битола, 4 НП во хотел 3* во Камари, Фери карта : Пиреа – Санторини – Пиреа, трансфер (пристаниште – хотел – пристаниште (на Санторини), организација и придружник на патувањето.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативи по програмата,  патничкото осигурување, влезници за музеи и локалитети, Посета на Пиргос (превоз + локален водич) – 5 € по лице (препорака!),  целодневен разглед/екскурзија на островот (превоз + локален водич) – 35 € по лице (препорака!), Крстарење со брод + вулкан – 35 € по лице (препорака!), еднодневно крстарење до островот ИОС – 75 € по лице (локален водич на островот + разглед на ИОС + трансфери на островот – препорака!), посета на винарија (резервација + превоз + влезница + и дегустација на вино) – 18 € по лице. ПАКЕТ ЦЕНА ЗА ЦЕЛА ФАКУЛТАТИВА : 160 € по лице.

 

ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ :

– Доплата за еднокреветна соба 1/1 – 55€/3.410 ден.

– Дете до 2 години, плаќа само превоз – 60€/3.720 ден.

-Прво дете до 7 години, а не користи кревет спие со родители, плаќа само превоз + брод 130€/8.060 ден.

-Второ дете до 12 години, плаќа минус 30% од вкупната сума на аранжманот.

 

НАПОМЕНА :

–          За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

–          Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.

–          За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. Целосна доплата 10 дена пред патување.

–          За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.

–          Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација да си проверат дали патната исправа е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

–          Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 15.04.2019 !!!

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. АРИЕС и СКТМ