[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Serre Chevalier – Француски ски центар

Овој ски центар се наоѓа во срцето на националниот парк Les Ecrins, под 4102м високиот врв Dome des Ecrins.
Меѓу нашите гости е омилен ски центар, како заради своите снежни услови, одличното сместување, така и заради својата цена. Со самото тоа гостите му се враќаат од година во година. Се наоѓа во благо Медитеранско подрачје со над 300 сончеви денови годишно , кои не и пречат на снежната покривка, која се задржува до пролетта.
Секој скијач ќе најде нешто за себе во овие 250 км ски патеки. Serre Chavaliere се опишува како шума која ги опкружува ски патеките. Борови стари над 100 год. се протегаат по целиот ски центар , но оставаат доволно простор за свиоци по ски патеките. Овој ски центар е познат и како родното место на познатиот француски и светски ски шампион во спуст Luc Alphand, по кој и една патека (најстрмната) го носи името.

Раководството на ски центарот минатата сезона имало интересна идеја, на подрачјето Croix de la Norа направиле голема тераса за пикник, со прекрасен поглед. На терасата можете бесплатно да користите обична скара, но и електрична . Терасата е покриена со Wi-Fi и е спремна за уживање . Таа новина била толку успешна, што од оваа сезона е направена уште една пикник област на подрачјето Cucumelle над Villeneuve.

Ски центарот го добил своето име по истоимената долина на која се протега. Во самата долина има 4 населби: Briancon (најголемиот град во EU кој се наоѓа на висина преку 1200 м, има околу 11.000 жители и интересен стар град ), Chantelmerle ( типично мало алпско место кое изобилува со мир и тишина) , Villeneuve ( исто така мало алпско место, само за нијанса понеубаво од Chantelmerle) и Le Monetier Les Bains
(прочуената бања во тој дел на француските Алпи ).

ПРОГРАМА:
1 Ден 25.01.2019 – ПЕТОК: Поаѓање од паркингот во Скопје(точното место ќе биде дополнително објавено) во 07.00. Средба со групата во Нов Белград во 15.00. Ноќно возење низ Хрватска и Словенија, со попатни задржувања на граница за царински формалности и одмор.

2 Ден-26.01.2019 САБОТА: Возење низ Италија со попатни паузи за одмор. Купување на храна во француското место Briancon, помеѓу 12ч и 14ч, еден до два часа. Пристигање во ски центарот Serre Chevalier меѓу 16 и 18 ч., преземање на клучевите и влез во апартманите. Ноќевање.

3.-8. Ден 27.01.2019 – НЕДЕЛА – ПЕТОК: Првиот ден во утринските часови од 8.30 минути до 9: 00ч. преземање на ски картите и целодневно скијање. Шест дена скијање и престој во апартманите врз основа на платените услуги.

9 Ден -02.02.2019 САБОТА: Напуштање на студијата / апартманите до 09: 30ч. Враќање за Македонија со пауза за шопинг во Vicolungo Outlet Center, во близина на Милано. Пауза во траење од 3ч. Продолжување на патувањето, ноќно возење низ Италија, Хрватска и Словенија.

* Плаќањето е во денарска противвредност, 1€= 62 ден.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – Briancon – Скопје
  • 7 дневно сместување во: студио во Briancon (Signal du prorel)
  • 6 дневен скипас за стазите на Serre Chevalier (250 км стази).
  • 1 дводневен ски пас (вклучен во цената со Serre Chevalier) за скијалиштето Montegenevre
  • Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 1€ на ден по особа. Се плаќа на рецепцијата на сместувањето

Напомени:

Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 6,5€ постелнина и 5€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

 Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 200-500€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место ( 60-100€ во зависност од големината на апартманот).

Студиа / Апартмани :

Резиденцијата Le Signal du Prorel во Serre Chevalier се наоѓа веднаш до жичарницата Prorel, која ви овозможува да стигнете до ски ресортот речиси директно од вашиот апартман.

Апартманите се опремени во типичен савојски стил и вклучуваат комплетно опремени кујни со машини за миење садови, дневни соби со телевизори, спални со удобни кревети, бањи со тоалети и балкони со поглед на планините. Двете студија за две лица и пространите апартмани со три спални за осум лица се комплетно реновирани.

Бесплатна бежична интернет конекција (Wi-Fi). Исто така достапна е и телевизија со француски програми.

ОПИС НА АПАРТМАНИ:

1/4 АПАРТМАН 24 m2

Апартманот има дневна соба со софа, претсобје со кревет на спрат, кујна, бања, тоалет, и балкон.

Приземје:
– Дневна соба 1: софа (различни димензии)
– ходник 1: Кревет на спрат (различни димензии)

1/6 АПАРТМАН 40 m2

Апартманот има дневна соба со софа, спални соби со брачен кревет или одвоени кревети, претсобје со кревети на спрат, кујна, бања, тоалет, балкон.

Приземје:
– Дневна соба 1: софа (различни димензии)
– Спална соба 1: 2 x Кревет за 1 лице
– ходник 1: Кревет на спрат (различни димензии)

  • Депозит за резервација : 30% , остатокот најдоцна 15 дена пред тргнување се уплатува. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
  •  Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува при ваквите случаи. Финалниот тип на студио/апартман и финалната цена ќе зависи од бројот на лицата и типот на студиото/апартманот. Странките однапред се согласни за тие услови.
  • Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).

–         Калкулацијата е работена на база 40 лица.

–         Агенцијата не може да влијае на  спратност, поглед или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени  желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.

–         Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ).  Сите уплатени  аранжмани до тој момент, остануваат по старата цена.

–         Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат цасот и местото на поаѓање.

–         Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат на трансакциона сметка или  вирмански доколку се така уплатени.