[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 19.01.2019 (сабота)
Локација: Солун
Цена: 800 ден. (возрасен) / 600 ден. (дете)
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ШОПИНГ  ТУРА  за  СОЛУН

19.01.2019  (сабота)

 

Ние ве водиме на 19.01.2019 во сабота во една од омилените дестинации за шопинг.

Речиси секој од нас го има доживеано искуството да оди на шопинг во еден од најубавите градови близу нас. Шопингот во Солун е убаво искуство посебно за љубителите на квалитетна гардероба, бидејчи сезонските попусти се навистина доста примамливи за сечиј џеб.

Интересно е што попустот не е ограничен само во неколку продавници туку е распространет низ цел Солун.

На луѓето им се понудени големи избори како: стоковни куќи, трговски центри, хипермаркети.

Освен што ќе направите добар шопинг, имате и други одлични опции. Традиција е на сите љубители од одењето во Солун за шопинг, денот да им почне со едно убаво кафе во некое од многуте кафулиња што ги нуди овој град.

Шопингот на ова место претставува задоволство, изборот на продавниците е огромен, има за сечиј вкус по нешто. Солун располага со висококвалитетни продавници за разновидна гардероба како: брендирана, наменска, елегантна, може секој да сепронајде во овии продавници и секако да се поднови.

Како најголемо и најпосетувано место за шопинг е добро познатиот трговски центар „Космос“. Тој е еден од најголемите трговски центри во Солун, нуди голем избор на брендови за облека, модни додатоци, разновидни обувки.

Во ова место може да најдете и продавници за електроника, се за компјутери, мобилни телефони, хај фај системи, канцелариски предмети и многу други интересни знаменитости.

Секој од нас знае каде треба да се упати доколку сака да го уреди својот дом беспрекорно и секако тоа да биде доста ефтино и квалитетно. Станува збор за едно од најпознатите места за шопинг „Икеа“, која располага со квалитетен шведски мебел со беспрекорен дизајн и достапни цени.

 

ПРОГРАМА за патувањето

04:45 ч. Состанок на групата на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлески“ (Младост).
05:00 ч. Поаѓање за Грција и Солун. Влез преку граничниот премин Меџитлија.
околу 09:00 ч.  Пристигнување во Солун и застанување на автобусот пред новиот трговски центар “One Salonica Outlet Mall”. Слободно време за шопинг во трговскиот центар и низ центарот на градот: улиците Игнатиа и Цимиски, плоштадите Аристотелис, Вардари, Белата кула (Беаскуле)…
 14:00 ч. заминување кон шопинг центрите “COSMOS” и “IKEA”.

 

Цена на аражманот: 800 ден. (возрасен) / 600 ден. (дете)

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 
– Автобуски превоз на дадена релација
– Придружник на патувањето