[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

НА STING НА ГРАДСКИ СО НЕВЕРОЈАТНО ПОВОЛНА ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1.500 ДЕНАРИ ПАРТЕР!!!

 

 

Драги пријатели,

Пред да Ви ги соопштиме техничките детали за најголемото шоу во историјата на Скопје и Македонија, би сакале да посветите внимание на следново.Иако се работи за стадионски концерт, влезниците за концертот на Sting кој ќе се одржи на 02-ри јуни 2019 година во арената „Филип Втори“, сепак ќе бидат во строго ограничен број.

Во договор со Cherrytree Management и Live Nation, Авалон Продукција воопшто нема да ги пушта западна трибина (затоа што е далеку од бината) и источна трибина (затоа што бината ќе биде поставена на таа страна) во продажба, додека јужна и северна трибина ќе бидат адаптирани според продукцијата од техничкиот рајдер на менаџментот на Sting.

Билетите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон, онлајн преку аvalon.mk и Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1.500 денари
GOLDEN CIRCLE – 3.000 денари (само 2.000 билети, директно пред бина)
SILVER SEATS – 2.000 денари
GOLDEN SEATS – 3.000 денари
ВИП – 4.990 денари (строго ограничени количини)

Како што можете да забележите, цената на Партер влезниците е неверојатно популарна, за ова шоу да може да си ја овозможи секој.

Бидејќи Sting во рамките на оваа летна турнеја нема да настапи во: Србија, Хрватска, Грција, Албанија и Косово, најљубезно ве молиме што е можно побрзо да си набавите влезница, за да не дојдеме во иста состојба како минатиот пат, кога концертот беше за рекордно брзо време распродаден.

ВАЖНО: Единствено привилегирани може да се чувствуваат оние коишто имаат досега купено и оние кои планираат да купат карта за фестивалот All You Need Is Love со Gibonni, Влатко Стефановски и Funk Shui, затоа што секоја влезница за All You Need Is Love претставува резервација со која, доколку сакате да го гледате Sting на Градски, имате загарантирана можност да набавите карта од категорија по сопствен избор, и тоа до 15-ти февруари 2019 година!