[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 26 Апр 2019 - 29 Апр 2019
Локација: Белград, Србија
Цена: 6,138 денари
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ВЕЛИГДЕН ВО БЕЛГРАД – НОВИ САД – НИШ

2 ноќевања на брод со вклучен појадок

1 ден: 26.04.2019 Петок   Состанок на групата пред Спортска сала   во 22:30, а поаѓање од Битола во 23:00.  Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден: 27.04.2019 Сабота Пристигнување на групата во Белград во утринските   часови. Разглед на Белград со професионален туристички водич-црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот за воздухопловство, улицата на кнезот Михајло, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан.Во попладневните часови сместување во хотелот, одмор. Во доцните попладневни часови, можност за факултативно крстарење по Дунав или слободно време за индивидуални активности. Присуство на велигденска литургија пред најголемиот православен  храм на Балканот- Св.Сава. Враќање во хотел после полноќ. Ноќевање1.

3 ден: 28.04.2019 Недела Појадок. Можност за факултативна посета на Нови Сад (15 Еур). Панорамско и пешачко разгледување на Нови Сад: најпознатото шеталиште Јован Змај, кое изобилува со бројни продавници, кафичи и ресторани, Плоштадот со Градското Собрание и католичката црква, Дунавската улица која води до најубавиот новосадски парк – Дунавски парк. Враќање во Белград во хотел. Вечерта е предвидена за факултативна посета на некој од Белградските сплавови со богата вечера и жива музика (25 Еур) или слободна вечер за индивидуални активности.  Ноќевање2.

4 ден: 29.04.2019 Понеделник Појадок. Одјавување од хотел. Посета на трговскиот центар Ушче со можност за шопинг. Во попладневните часови заминување за Македонија. Попатна посета на градот Ниш со можност за прошетка низ центарот и можност за ручек. Пристигање во Македонија во вечерните часови.

Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 Еур /6,138 денари

цена за уплата до 01/04/2019  89 Еур/5518 ,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација во високотуристички автобус
  • Сместување во хотел – брод Compass River City 3*, на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед на градот
  • Комплетна организација со пратител при патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативна посета на Нови Сад 15 Еур
  • Факултативно крстарење по Дунав 15 Еур
  • Факултативно вечера на сплав со жива музика 25 Еур
  • Факултативна посета на Музејот за воздухопловство 5 Eур
  • Услуги кои не се наведени во програмата

За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници.

 

ИНФОРМАЦИИ И ГАЛЕРИЈА ЗА АРАНЖМАНОТ

 

БРОД – ХОТЕЛ „Compass River City Boatel“

„Compass River City“ е прв хотел – брод на реката Дунав во градот Белград, со 81 удобна кабина, 6 апартмани, базен, реасторан и голема тераса. Од терасата има прекрасен поглед кон тврдината „Калемегдан“ и реките Дунав и Сава. Од копнената страна има парк со клупи и пешачка патека. Вистинско место за релаксација кои успеало да ги спои природата и градот.

Линк од хотелот за виртуелен поглед http://compassrivercity.com/360.php

Линк од хотелот http://compassrivercity.com/index.php

 

MУЗЕЈ ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО – БЕЛГРАД

 

НИШ – НИШАВА – ТУРСКА ТВРДИНА – КАЗАНЏИСКО СОКАЧЕ

Череп кула – кула направена од Срби черепи обезглавен од страна на Турците во 19 век.

Ниш тврдина – турски тврдина во центарот на градот.

Казанџијско сокаче – Пример за оригинална архитектура од османлиски период.

Нишава – рекоја која тече низ Бугарија и Србија, со должина од 218 км е најдолгата притока на Јужна Морава.

 

НОВИ САД – ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА – НОВОСАДСКА СИНАГОГА – КАТОЛИЧКА КАТЕДРАЛА

Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина. Втор град по големина во Србија, по Белград. Градот изобилува со стари историски градби, со многу цркви, катедрала, синагога, тврдина, плоштади и други историски знаменитости. Покрај српскиот јазик, се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.

 

ПАНОРАМСКИ СЛИКИ НА БЕЛГРАД – НОВИ САД – НИШ