[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 26 Апр 2019 - 29 Апр 2019
Локација: Остров Евиа - град Едипсос
Цена: ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 109 € (6 800,00 ден.) За плаќање до 31 јануари 99 € (6 140,00 ден.)
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ВЕЛИГДЕН во ЕДИПСОС на островот ЕВИА

Бања на море

 

ПРОГРАМА

1.Ден 26.04.2019  (петок) СКОПЈЕ – ЕВИА
Тргнување од Скопје во 01:00 часот од пред паркингот на хотел „Русија“.
Патување преку преминот Богородица низ Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Edipsos. Сместување на групата во хотелот. Краток одмор. Запознавање со местото. Слободно време. Ноќевање

2.Ден 27.04.2019 (сабота) ЕВИА –  Манастир Св. Давид – ЕДИПСОС

Можност за посета на Манастирот Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите и манастирот  Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Враќање во Едипсос. Можност за користење на плажите со минерални води. Посета на централната црква во Едипсос за пречек на Воскресението.  Ноќевање.

3.Ден 28.04.2019 (недела) ЕДИПСОС – Свети Јован Руски

Можност за користење на плажите со минерална вода или базенот во хотелот. Во попладневните часови посета на местото Ореи кое е познато по пристаништето за јахти, убавата песочна плажа честите организации на регати со едрилици како и изобилството на свежа риба која се лови од месните жители. Можност за посета на некоја од многубројните таверни на брегот на морето. Потоа тргнување за планинското место Агиос познато по специфичната прослава на Велигден, каде се испуштаат балони со хелиум, со интерактивно учество на посетителите кои имат можност да го палат хелиумот во балоните и да ги пуштат заедно со другите стотици балони кои го преплавуваат небото. Враќање во Едипсос Ноќевање.

4.ден 29.04.2019 (понеделник) ЕДИПСОС – СКОПЈЕ

Можност за користење на хотелскиот базен или плажите со минерална вода во морето. Напуштање на хотелот. Преку Agiokampos, со траект до Глифа. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 109 € (6 800,00 ден.)

За плаќање до 31 јануари 99 €  (6 140,00 ден.)

Цената на аранжманот опфаќа:

  • Превоз со современ туристички автобус;
  • Сместување во хотелот, во двокреветни и трокреветни соби, на база три ноќевања,
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агокампос
  • Услугите на придружниците на групата и претставниците на агенцијата за време на престојот;
  • Трошоци за организација на патувањето.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Факултативна посета на Манастирите Св. Давид (10 Евра)
  • Факултативна посета на црквата Св. Јован Руски во Прокопиев (10 Евра)
  • Посета на местото Ореи и Агиос (10 Евра)
  • Користење на затворениот базен (3 Евра)
  • Патничко осигурување

Доплата:

  • доплата за 1/1 соба е 50% од цената на аранжманот
  • Деца од 2 – 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ