[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

Најдобрата плажа на Касандра – Калитеа

 

КАЛИТЕА е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во кристално чистата вода и белата песок на плажата која скоро секоја година е наградувана со плаво знаменце. Калитеа сместена во прекрасната околина опкружена со борови дрва Ви овозможува да уживате во многубројните, таверни, кафе барови, бутици,  дискотеки и ноќни клубови кои ги привлекуваат туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.

Сите соби се двокреветни со брачен кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете со неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

 

  Попуст: 20% за уплата до 26.12.2018     15% за уплата до 31.01.2018      10% за уплата до 28.02.2019      5% за уплата до 01.05.2019
Вила Попис – Калитеа 180 м од море Maj Јуни Јули Август Септември
18 25 01 08 15 22 29 06 13 20 27 03 10 17 24 31 07 14 21
Број на ноќи 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 студио 59 89 139 189 229 279 299 339 369 369 369 359 329 299 239 189 139 99 59
        / / / / / / / / / / / / / / / /
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Автобуски превоз Битола 30 Еур возрасни – Скопје 35 Еур. Клима ВКЛУЧЕНА во цена.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена – Лица по возрасни од 63 год: Попуст 10 Евра од редовната цена
Цените кои се со црвено се ПРОМО и не подлежат на попуст. За уплата на два и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Попустите не може да се комбинираат. Важат Општите услови за патување на СКТМ