[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Print Friendly, PDF & Email

ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ЛОЗАНО ВО СКОПЈЕ!

Драги пријатели,

Големо задоволство ни е да ви го најавиме нашиот следен проект.

После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје.

Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената со почеток од 20:30 часот.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба оваа среда (13.02) во 09 часот наутро по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 500 денари

ФАН ПИТ- 800 денари

ТРИБИНИ- 700 денари

SILVER SEATS- 800 денари

GOLDEN SEATS- 900 денари

ВИП- 1000 денари

„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Километри“, „Надеж“, „Мандарина“ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП Арената за овој концерт ќе биде полна до последно место.