info@aries.com.mk + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55
Траење: 23 Мај 2018 - 27 Мај 2018
Локација: Zagreb
Цена: 129 Eur
Резервирај сега!
Print Friendly, PDF & Email

ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА – БЕЛГРАД
23-27.05.2018

1 ден (23.05.2018) СРЕДА: Македонија – Загреб
Состанок на групата пред спортска сала Младост во 17:30 ч. Заминување во 18:00 ч. од Битола, попатнo Прилеп (бензиска Лук Оил ), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал), Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници.

2 ден (24.05.2018) ЧЕТВРТОК: Загреб
Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Попладне разглед на Загреб со професионален туристички водич: плоштадот Бан Јелачиќ, Собранието….Ноќевање.

3 ден (25.05.2018) ПЕТОК: Загреб – Плитвички Езера – Загреб
Заминување за светски најпознатиот хрватски национален парк Плитвички Езера. По пристигнувањето разгледот почнува со ПРОГРАМА „F”.
Ручек (факултативно).
По ручекот враќање во Загреб. Ноќевање.

4 ден (26.05.2018) САБОТА: Загреб – Белград – Македонија
Појадок. Во договор со придружникот заминување од Загреб за Белград. Попатни паузи, царински формалности. По пристигнувањето во Белград слободно време или факултативно разглед на градот (17:00 ч) од панорамски (отворен) автобус + крстарење со брод: од автобус се посетуваат: Булеварот на кралот Александар Караѓорѓевиќ, Плоштадот Ослободување-Аутокоманда, Плоштадот Славија, Теразије, Коларчева, Плоштадот Република, Васина улица, Бранков мост, Булевар Никола Тесла, Ушче, Булевар Михаило Пупин…..а од брод околу 20 км београдско крајбрежје. По разгледот заминување за Македонија, Попатни одмори, царински формалности.
Ноќно возење.

5 ден (27.05.2018) НЕДЕЛА: Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови, Куманово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола…


Цена: 129 евра / 7998 мкд
Дете 2-12 г. 100 евра / 6.200 мкд

Во цената Е вклучено:
– превоз со туристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во Загреб или околината во хотел 3*
– разглед на Загреб со професионален водич
– разглед на Плитвички Езера со професионален водич
– придружник од агенцијата
– организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено
Превоз Загреб- Пл.Езера + професионален водич за Плитвички Езера и влезница;
превоз со електро брод и панорамски воз према програмата

(возрасен = 35 евра, дете 7-18 г. = 20 евра) – минимум 25 лица
– Панорамски разглед со автобус и брод – Белград (возрасен = 15 евра, дете до 12 г. = 7 евра)
– Неспомнати услуги
– Личен трошок на патниците


НАПОМЕНА!
За изведување на аранжманот потребни се минимум 40 патници, доколку тој број не се исполни, агенцијата го задржува правото на измена на цената или истиот да го сторнира и да ги извести патниците 5 дена пред датата на поаѓање.
Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Агенцијата не е надлежена да ја цени исправноста на патните документи
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1 евро = 62,00 мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот.
Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓањето.
Цената е за сместување во двокреветна соба за 1 лице.
Доплата за сместување во еднокреветна соба 55 евра.
Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Ариес.

ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

ПРОГРАМА „F”

Разгледот трае 3-4 сати/4.600 м

Разгледот започнува на јужниот влез во паркот („Влез 2“). По кратката прошетка, разгледот продолжува со електро брод преку езерото „Козјак“, а потоа повторно прошетка преку кањонот „Долно езеро“ се до „Големиот водопад“. Од таму стрмен пат води кон источната страна на кањонот, каде има многубројни видиковци со незаборавни погледи кон кристално сините езера и високите карпи. Со панорамски воз пристигнуваме до почетната точка. Во склоп на оваа програма, турата е кружна.

https://np-plitvicka-jezera.hr/

The Plitvice Lakes National Park, Croatia.


Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Aриес.