[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Дали некогаш сте посакувале да го посетите Партенон?

Print Friendly, PDF & Email

Дали некогаш сте посакувале да го посетите Партенон но никогаш не сте имале прилика да го остварите тоа патување? Нешто многу слично на посакуваното – виртуелна тура од 360˚ над и околу светиот камен е веќе достапна за сите!

part image 4

Рускиот тим AirPano.ru дизајнираше апликација која овозможува спектакуларна тура во висока резолуција околу овој атински споменик. Искуството на корисниците е доста реално и драматично додека лебдат над храмовите и ја подесуваат насоката и перспективата од која сакаат да разгледуваат, а во исто време се информираат за сè што гледаат. Апликацијата вклучува и информативен  напис за историјата на знаменитостите и за вложениот труд на самото место за остварување на овој проект.

Атинскиот Акропол не е оддалечен од градот туку се наоѓа во самиот центар на Атина, а тоа овозможува корисниците на апликацијата да ги истражат и разгледаат знаменитостите и улиците околу стариот град и да откријат што уште може да се види  – спој на древното и современото, нешто што ја карактеризира денешна Атина. Она што е забележително на сите слики е јасното и светло атинско небо кое секогаш е инспирација за фотографите.

part image3

Поглед од птичја перспектива на градот и планините кои го опкружуваат спуштајќи се до морето и пристаништето Пиреја е глетка која и локалните жители не можат да ја доживеат секој ден – освен ако не се птици, нели?!

Инвентивниот руски тим има изработено голем број вакви проекти за прекрасни природни знаменитости и споменици направени од човечка рака вклучувајќи ги Масаи Мара во Кенија, Мон Сен Мишел во Франција, Монт Еверест во Непал, Таџ Махал во Индија и Големиот Кањон во Америка.

Апликацијата за Атина може да ја најдете на следниот линк:

https://www.airpano.ru/files/Acropolis-Athens-Greece/2-2