[email protected] + 389 47 22 41 55 + 389 47 22 41 56 +389 72 22 81 55

Работа во Нов Зеланд

Print Friendly, PDF & Email

Работа во Нов Зеланд

 

 

 

 

 

 

 

 

 

И додека сите трчаат во Америка, Канада и Австралија, Нов Зеланд чезнее за странски работници, бидејќи оваа земја е во силен економски раст. На саемот за вработување во соседна Србија еден учесник од Нов Зеланд претставил 1200 празни места, меѓутоа на оваа земја и се потребни минимум 50 000 работници. Градежништвото е професија за која е потребен најголем број на работници, а следат здравствените работници и информатичарите и инжиниерите. Судејќи по статистиките од минатата година, во оваа земја просечната плата е близу 3000 евра, а ако им се верува на достапните податоци, најмалку платена професија е фармацијата, додека најмногу се плаќа градежништвото. Кога е во прашање изнајмувањето на просторот за живот , цените обично се гладаат на неделно ниво, а во зависност од она што сакате да го изнајмите, е потребно да издвоите околу 100 до околу 530 евра. Од друга страна, за нов автомобил е потребно да издвоите од 10 .500 евра , кутија цигари е нешто поскапа од 8 евра, лебот е две евра, килограм шеќер 1,7 , додека литар млеко исто така околу 1,7 евра. Постојат неколку видови на виза кои може да се добијат за Нов Зеланд. Може да се добие работна дозвола за често, привремена работна дозвола и дозвола за работа на одмор. Освен тоа постои можност од добивање на туристичка виза, студентска виза, виза за живот , но и можност за добивање виза за инвеститори. Вадењето на виза за Нов Зеланд може да потрае од неколку недели до неколку месеци. За работна виза треба да имате добри квалификации, како и работно искуство, но важно е да имате и понуда за работа од страна на овластен работодавачм додека е можно да добиете виза и доколу сте посебно талентирани во некој спорт или уметност. Повеќе информации за постапката за добивање на виза за Нов Зеланд на 047 224155/072228155.

Ариес Виза Центар

About the Author