CAMPING SCOUT – СТРУГА
„Камп скаут“ – Струга е најдобриот целосно обновен и опремен камп во Македонија. На пошумена површина од 6.500 м2 во Струга, под дебелата сенка на 40-годишните борови, нашиот камп ви посакува добредојде покрај брегот на Охридското Езеро.
Ем во центарот на градот, ем на брегот на езерото, ем во природа, ем настрана од градската бучава. Шатори, куќи на дрвја, хостел – сместувачки капацитети со паркинг за камп-приколки, трејлери… со место за одмор, за скара, со ви-фи, игралиште, патеки за возење велосипед за деца… Дополнително, имаме и низа авантуристички активности за „зависните“ од адреналин!
Со други зборови, сè што ви треба за идеално летување за време на кризата со вирусот!

🏡КОЈ НЕ БИ САКАЛ ОДМОР ВО КУЌИЧКА НА ДРВО?
Во нашиот новоопремен камп во Струга имаме 7 куќички на дрво за 2 лица. Идеално место за безбедно летување за брачни и вљубени парови.
🔌🅿️📳🚾 Тоа што го имате дома, ќе го најдете и тука: струја, паркинг, топла вода 24/7, вода за пиење, ви-фи… Плус, место за скара и цел камп на располагање за одмор. И, плус, Охридското Езеро за капење и цела Струга за шетање на само неколку минути одење.
⛱ Летото може да почне…
CRUISING ON LAKE OHRID
SAILING WITH “SIRMA”
EXPLORE THE MOUNTAIN
CULTURAL AND HISTORIC HERITAGE
VISIT TO THE SMALLEST REPUBLIC IN THE BALKANS!
PARAGLIDING
SCUBA DIVING
KAYAK AND CANOE
RAFTING ON “CRN DRIM” RIVER (for a group of 6 to 8 people)
FISHING ADVENTURE
FRUTTO DEL MONTE JABLANICA


Напишете коментар