fbpx

Скијатос 2022: Вила Сириос

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% of guests recommend
Print Friendly, PDF & Email
Вила Сириос

Приказната која успеавме да ја раскажеме на успешен начин, ни даде волја да го зголемиме нашиот сместувачки капацитет на Скијатос и да ги кренеме нашите стандарди на уште повисоко ниво за 2022-ра да биде запаметена како година на „Морето и културата“. Скијатос е дестинација каде нашите патници во 2022-ра година ќе може да уживаат во различните концепти кои ги нуди островот. Овде ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна. Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.
За вас имаме 17 термини, од почеток на јуни до крај на септември за лето 2022 на островот Скијатос. Изборот е ваш дали ќе одите 7 или 14 ноќи, првиот термин е од 26.05 до 02.06.2022, последниот од 22.09 -29.09.2022. За останатите термини погледнете подоле од понудата.

План и програма

Термините за лето 2022 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање

Овогодинешните термини за летување на Скијатос се од четврток до четврток, последователно. Првиот термин започнува од 26-ти мај, а последниот термин завршува на 29-ти септември

Нашиот тим, со самото отварање на границите со Грција, изврши увид на безбедноста при вашето патување, протоколите и начинот на кој ќе можеме да ви го обезбедиме најдобриот одмор за ова лето. Ние како агенција сме веќе добро подготвени и со обучен кадар, а она што можеби го воведуваме како новитет на нашиот пазар кога станува збор за одмор на Скијатос се безбедните приватни организирани трансфери до најпознатите плажи на островот.

Вила Сириос

 

Вилата Сириос се наоѓа во близина на плажата  Megali Ammos, на само 6 мин пешачење од оваа често посетувана плажа. Вилата е оддалечена на 150 метри од автобуската станица број 3. Објектот располага со студиа за 2,3 и 4 лица на прв кат. Сите студиа се опремени со мини кујна, сопствен тоалет, клима и wifi.

Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваах духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот.

Организираме транспорт  при пристигнувањето до самата вила, од каде и што и ги превзема за враќање назад.

Од 26.05.2022
До 02.06.2022   Поаѓање на 25.05.2022
Цена 91 EUR
Промо Цена 79 EUR
Од 02.06.2022
До 09.06.2022  Поаѓање на 01.06.2022
Цена 100 EUR
Промо Цена 88 EUR
Од 09.06.2022
До 16.06.2022  Поаѓање на 08.06.2022
Цена 112 EUR
Промо Цена 98 EUR
Од 16.06.2022
До 23.06.2022    Поаѓање на 15.06.2022
Цена 123 EUR
Промо Цена 107 EUR
Од 23.06.2022
До 30.06.2022     Поаѓање на 22.06.2022
Цена 143 EUR
Промо Цена 123 EUR
Од 30.06.2022
До 07.07.2022     Поаѓање на 29.06.2022
Цена 183 EUR
Промо Цена 154 EUR
Од 07.07.2022
До 14.07.2022      Поаѓање на 06.07.2022
Цена 215 EUR
Промо Цена 172 EUR
Од 14.07.2022
До 21.07.2022     Поаѓање на 13.07.2022
Цена 245 EUR
Промо Цена 199 EUR
Од 21.07.2022
До 28.07.2022     Поаѓање на 20.07.2022
Цена 245 EUR
Промо Цена 199 EUR
Од 28.07.2022
До 04.08.2022     Поаѓање на 27.07.2022
Цена 245 EUR
Промо Цена 199 EUR
Од 04.08.2022
До 11.08.2022     Поаѓање на 03.08.2022
Цена 245 EUR
Промо Цена 199 EUR
Од 11.08.2022
До 18.08.2022     Поаѓање на 10.08.2022
Цена 245 EUR
Промо Цена 199 EUR
Од 18.08.2022
До 25.08.2022     Поаѓање на 17.08.2022
Цена 245 EUR
Промо Цена 199 EUR
Од 25.08.2022
До 01.09.2022    Поаѓање на 24.08.2022
Цена 215 EUR
Промо Цена 189 EUR
Од 01.09.2022
До 08.09.2022   Поаѓање на 31.08.2022
Цена 189 EUR
Промо Цена 159 EUR
Од 08.09.2022
До 15.09.2022     Поаѓање на 07.09.2022
Цена 145 EUR
Промо Цена  124 EUR
Од  15.09.2022
До  22.09.2022    Поаѓање на 14.09.2022
Цена 120 EUR
Промо Цена 104 EUR
Од 22.09.2022
До 29.09.2022     Поаѓање на 21.09.2022
Цена 100 EUR
Промо Цена 88 EUR

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања – 8 дена на во вила Сириос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања

Што не е вклучено во цената

-Дополнителeлни 30€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи (задолжително) плаќате кај газдите на вилите
-Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Важно

-Промо цените важат до 31.03.2022 и се исклучиво со целосна уплата
-За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
-За споен термин се сметат две суми од промо цените.
-За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз
-Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
-Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
-За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
-Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
-Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација.
-Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
-Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата.
-За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
-Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
-Активните попусти не се комбинират со други попусти
-Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
-Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
-Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
-Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
-Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
-Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
-Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
-Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
-При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 10:00ч по локално време.
-Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
-Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
-Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Ескејп травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
-Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
-Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
-Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
-Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute,Black Friday или промо понуда,  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се  разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
-Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Факултативни излети:

Kukunaries beach

Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото

 

Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото

 

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Banana beach

Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото

 

Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!

 

View More

Hotel Theme

Грција
Лето 2022
Остров Скијатос
Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

Owner

Aries Travel

Member Since 2019