Вила Павлос- Скијатос

View on map
Нема оценка од 0 оценка
0/5
100% guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

Вила Павлос – Скијатос

Глобалниот тренд на уникатни сместувачки капацитети не поттикна да ви овозможиме сместување на Скијатос кој ќе ги опфати сите три димензии на летниот одмор. Почнувајќи од спор летен одмор покрај базен кој го краси медитеранскиот дворот на нашата вила, организиран безбеден секојдневен превоз до најпознатите песочни плажи кои ги посетувале светски реномирани имиња па се до посета на локалните атракции во Скијатос кои се на само неколку минути пеш од вилата.

Островот Скијатос и вила Павлос ќе ви дадат една поинаква перцепција на вашиот летен одмор. Вилата е идеална е за луѓе кои бараат комфор од една страна и авантура од друга страна. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.

Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.

Сместување

Вила Павлос: Скијатос лето 2023

Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Ова урбана вила ќе ви даде нова дефиниција за тоа како треба да изгледа вашиот летен одмор. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палминови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот.

Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваах духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот.

Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, прибор според бројот на гости, ТВ, фен, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi.

Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.

Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите.

Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад.

 

Teрмини

Цени

25.05 – 01.06.2023

111 €

01.06 – 08.06.2023

121 €

08.06 – 15.06.2023

134 €

15.06 – 22.06.2023

146 €

22.06 – 29.06.2023

168 €

29.06 – 06.07.2023

212 €

06.07 – 13.07.2023

247 €

13.07 – 20.07.2023

280 €

20.07 – 27.07.2023

280 €

27.07 – 03.08.2023

280 €

03.08 – 10.08.2023

280 €

10.08 – 17.08.2023

280 €

17.08 – 24.08.2023

280 €

24.08 – 31.08.2023

247 €

31.08 – 07.09.2023

218 €

07.09 – 14.09.2023

170 €

14.09 – 21.09.2023

143 €

21.09 – 28.09.2023

121 €

 

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена на Скијатос

  • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје

  • Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос

Што не е вклучено во цената

  • Tраект на релација Волос-Скијатос-Волос 30еур

  • Патничко осигурување

  • Факултативни излети

  • Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето

  • Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

Координати од вилата 39.168236,23.496375

 

Ковид политика:

Агенцијата гарантира поврат на уплатени средства во случај:

    • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)

    • Затворање на граници

Напомена:

  • Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата

  • Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15 € по лице

 

Факултативни излети

Kukunaries beach

Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос, се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови  можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава e Лалариа. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со брод, кој ќе ве однесе и до островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Ова е дел од крстарење кое претставува целодневно уживање.

БАНАНА БИЧ

Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома

**Цената на излетите ќе биде објавена пред почетокот на летото.

ВАЖНО

  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.

  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор

  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано дополнително, зависно од времето на тргнување на траектот.

  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.

  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.

  • Активните попусти не се комбинират со други попусти

  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време

  • Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време

  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%

  • * Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден (се плаќа во вилата кај соптсвениците).

  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.

  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1евро = 62 денари

  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла.

  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

  • Студиото се напушта во 10:00ч по локално време.

  • Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.

  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости

  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори агенцијата нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.

  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.

  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.

  • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.

  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Протокол за влез во Грција

**Сертификат за вакцинација (мин.14 дена од втора доза и максимум 270 дена) или негативен ПЦР (не постар од 72часа) или антиген тест (не постар од 24 часа) или сертификат за прележан Ковид 19 (мин. 14 дена од првиот позитивен тести макс. 180 дена. За малолетни лица со наполнети 6 год. потребно е да имаат негативен ПЦР тест или антиген тест.

Протокол за влез во Македонија:

**За лицата со наполети 18 год. па нагоре, а кои не се вакцинирани, на влез се должни да приложат негативен ПЦР тест или антиген тест или сертификат за прележан Коивид 19 (не постар од 45 дена).

Hotel Facilities

Air Conditioning
Flat Tv
Internet – Wifi
Kitchen
Yard

Hotel Theme

Early Booking 2023
Грција
Лето 2023
Остров Скијатос

Rules

Check In 12:00 pm
Check Out 12:00 pm

Rooms

avg 0 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019