На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.
ОПИС
Студиа “ПАНИЛАС” се наоѓа на само 15 метри од плажа и од пешачката патека. Студиата се целосно реновирани 2016год. и се наоѓат на 2 спрат. Сите студиа се опремени со мини шпорет, фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица ,ТВ, тераса со гарнитура за седење и бања.
Студио бр. 1 3 единечни кревети, оделна нова кујна опремени со шпорет, голем фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица, ТВ, Wi-Fi интернет, 2 тераси (од кујната со гарнитура за седење -поглед двор), купатил со туш.
Студио бр. 2 4 единечни кревети (2 споени), нова кујна опремени со шпорет, голем фрижидер, основни садови за соодветниот број на лица, ТВ, Wi-Fi интернет, тераси со гарнитура за седење – страничен поглед на море), купатил со туш.
Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена:За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
–15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 20.05.2022
Период | Ноќи | 1/3 студио | 1/4 студио | Коментар |
22.05-29.05.2022 | 7 | 99€ | 119€ | промо |
29.05-05.06.2022 | 7 | 129€ | 139€ | промо |
05.06-12.06.2022 | 7 | 164€ | 175€ | |
12.06-19.06.2022 | 7 | 263€ | 274€ | |
19.06-26.06.2022 | 7 | 318€ | 351€ | |
26.06-03.07.2022 | 7 | 351€ | 384€ | |
03.07-10.07.2022 | 7 | 384€ | 415€ | |
10.07-17.07.2022 | 7 | 395€ | 430€ | |
17.07-24.07.2022 | 7 | 420€ | 450€ | |
24.07-31.07.2022 | 7 | 420€ | 450€ | |
31.07-07.08.2022 | 7 | 420€ | 450€ | |
07.08-14.08.2022 | 7 | 420€ | 450€ | |
14.08-21.08.2022 | 7 | 400€ | 430€ | |
21.08-28.08.2022 | 7 | 362€ | 384€ | |
28.08-04.09.2022 | 7 | 285€ | 318€ | |
04.09-11.09.2022 | 7 | 219€ | 252€ | |
11.09-18.09.2022 | 7 | 179€ | 199€ | промо |
18.09-25.09.2022 | 7 | 129€ | 139€ | промо |
Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |
Leave a Reply