Вила Торони Студиос (ex. Toroni Apartments) е објект со одлична централна локација, на сама плажа во Торони, место познато по прекрасната долга и широка песочна плажа, наградена со сино знаеменце заради својот квалитет и чистота. Вилата располага со убаво уреден двор, сопствен паркинг и скара. Во својот состав брои 12 сместувачки единици, студија за самопослужување од кои 6 се на прв кат, а 6 се на втор. Секое од студијата е опремено со одвоена кујна, со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ (рамен екран), клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно), брачен кревет и единечен кревет, во некој од студијата има можност за допoлнителен кревет на расклопување (со доплата 5€ од ден). Структурата на студијата е 8 соби со директен поглед кон море (STD SV), 2 со страничен поглед кон море (STD SSV) и 2 студија се со балкон на пролаз (STD ECO).
Забелешки: вилата моментално е во процес на реновирање, дополнително ќе објавиме нови фотографии (нова фасада, реновирани тоалети и кујни, нова инсталација, нови душеци и постелнина, нови телевизори).
За секоја соба има по 1 чадор и 2 лежалки бесплатно на плажа. Промена на постелнина на секои 3 дена.
Check In | 12:00 pm |
---|---|
Check Out | 12:00 pm |