from €0,00
Check Availability

Вила Bouzalis -Неа Флогита, Халкидики

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% of guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

Вила Bouzalis -Неа Флогита, Халкидики

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун  се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Всушност, тоа е првото што ќе го забележите штом пристигнете во ова туристичко место – дрворедот од над стотина палми во должина од 1.5 километар се  протега се до Дионисос, што е всушност и неговата најголема атракција. Неа Флогита е лоцирана на привилегирана позиција- на само неколку метри од морето, што е предност повеќе токму тука да го поминете вашиот летен одмор дишејќи го секое утро специфичниот мирис на  морски воздух. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата, а морскиот гребен на само 50 метри од брегот е природна заштита за пливачите.

Ова приморско место е одлично снабдено во текот на летната сезона. Изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани,а токму во ова туристичко место е најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.Неа Флогита се наоѓа на само 6 километри од Неа Муданија, комерцијалниот центар на Халкидики до каде можете секојдневно да шетате, а доколку сте љубители на шопингот со часови да пазарувате во многубројните бутици. Ако и тоа не ја задоволи Вашата шопинг манија, тогаш искористете го предизвикот-од Неа Муданија имате секој ден редовна автобуска линија до Солун.

Вилата Bouzalis“ е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

 

Напомена:

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничeниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

Доплата за туристичка такса 0,5 евра од ден по студио/апартман
(се плаќа во агенцијата)

Facilities

Air Conditioning
Flat Tv
Internet – Wifi
Kitchen
Yard

Rules

Check In 14:00
Check Out 09:00

Rooms

Reviews

Review score

0/5
Not Rated
Based on 0 review

Traveler rating

Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0

Summary

Sleep
0 /5
Location
0 /5
Service
0 /5
Clearness
0 /5
Rooms
0 /5
0 review on this Hotel - Showing 1 to 0

Write a review

Created with Sketch.
avg €0,00 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019

Hotel Nearby

Get Updates & More

Thoughtful thoughts to your inbox