fbpx
from €0,00
Check Availability

Вила Bouzalis – Неа Флогита, Касандра, Халкидики

View on map
Not Rated from 0 review
0/5
100% of guests recommend

Description

Print Friendly, PDF & Email

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун се наоѓа туристичкото место Неа Флогита, препознатливо по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата. Местото е одлично снабдено во текот на летната сезона-изобилува со маркети, пекари, слаткарници,таверни, ресторани, а токму тука е и најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите.

Вилата Bouzalis е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита, на само неколку метри од морето.

Вилата располага со апартмани со најразлична големина кои се целосно реновирани; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

-15% попуст за целосна уплата до 31.јануари 2022

View More

Hotel Facilities

Air Conditioning
Flat Tv
Heater
Internet – Wifi
Kitchen

Hotel Theme

Early Booking 2022

Rules

Check In 12:00
Check Out 09:00

Rooms

avg €0,00 /night

Owner

Aries Travel

Member Since 2019