Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија. Тоа е најмалото место со најраскошната плажа…место за осамени, романтичари, уморни, заљубени…Има неколку улици, два супермаркети, неколку таверни…нема пошта, нема банка, но има душа и парче убавина подарено од Бога! Ех, Каламитси…Тука животот е безгрижен…тука со денови можете да уживате убаво стокмени во удобните лежалки без да ви здодее непрегледната морска убавина, со часови да го препливувате сликовитиот залив до малото островче и повторно назад, по илјада пати да ја фотографирате плажата која безмалку како да е безобразно нереална. Од изгрејсонце до неговото потонување во морето цел ден сте на нежниот песок…тука заборавате на будилникот, на стресот околу дневните пазарувања…тука живеете бавно,имате доволно време да им се посветите целосно на своите најмили…да уживате со сите свои сетила… Во Каламитси имате доволно време самите за себе. Подобро место за одмор нема да најдете!
Во околината на Каламитси има голем број плажи, од кои Ви ги препорачуваме: Sikia, Orange Beach, Banana Beach, Porto Koufo… Каламитси е оддалечено 11 километри од Торони, а доколку посакате да го почувствувате ритамот на ноќниот живот во Грција, 15 километри Ве делат од Сарти.
Вилата „Vrahos“ се наоѓа на само 20 метри од плажата во Каламитси. Вилата е градена во традиционален стил, со долги заеднички тераси кои имаат директен поглед кон преубавиот залив. Во сопствен закуп имаме простран четирикреветен апартман на прв спрат кој е целосно реновиран и одлично опремен. Апартманот има квалитетен мебел и кујна, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило. Постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг, а гостите имаат на располагање заеднички двор на платформа и место за подготвување скара.
-15% попуст за целосна уплата до 27.12.2019
Check In | 14:00 |
---|---|
Check Out | 09:00 |
Thoughtful thoughts to your inbox