fbpx
from €0,00
Book Now

ВЕЛИГДЕН ВО ЈОРДАН 1395 еур

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

Древна земја со посебен шарм и неверојатна историја. Изобилува со легенди и традиции, богато културно наследство и архитектонски атракции, а тука секако е и обалата на прекрасното корално Црвено Море, како и лековитите води на Мртвото Море. А пустината… е тоа е посебна мистерија која треба да се доживее. Јордан заслужено зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.

Петра – фасцинантна по својата убавина, привлекува милиони посетители, а целиот град е како уметничко дело насликано на платно од природен камен. Откриена е во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Буркхарт, Петра сè уште продолжува да не изненадува со своите тајни и убавини! Сместенa е на листата на УНЕСКО но и на листата на седумте светски чуда. Колку и да читате за неa, колку и да е добро и детално опишано, не може да се спореди со чувството и возбуда кога ќе ja ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО! Дали сте подготвени за оваа авантура?

Вади Рум или познат како „Долината на Месечината“,е арапска бајка која чека да биде откриена. Дом на номадските бедуински племиња. Некогаш населен со Набатејци од праисторијата, Вади Рум ви овозможува да се изгубите во големите пејсажи. Спокојството на пустината сигурно ќе ви го смири духот и ќе ви ги ослободи мислите.

Акаба – Туристички центар на обалата на најубавото корално Црвено Море. Идеална дестинација за комбинирање на одмор и плажа со градски живот, шопинг и историја.

ЈОРДАН – ВЕЛИГДЕН 2022

АМАН • МРТВО МОРЕ • ПЕТРА • ВАДИ РУМ • АКАБА

Празнично групно патување со лет од Скопје и богата програма со вклучени разгледи, посети, тури…
7 ноќевања (19 – 27 Април 2022)

ЈОРДАН – Април 2022
✅ Лет од Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines.
✅ 7 ноќевања (6 Полу Пансионо + 1 Ноќевање со појадок).
✅ 3 Ноќевања во Аман.
✅ Посета и 1 ноќевање во Петра.
✅ Посета на Вади Рум и 1 ноќевање во пустина со вклучено пустинско Џип Сафари.
✅ Посеста на Мртво Море.
✅ 2 ноќевање во Акаба (на Црвено Море).
✅ Локален водич на српски / хрватски јазик.
✅ Пратител на групата од Македонија.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ден 19.04: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АМАН
Состанок на патниците нa Скопскиот Аеродром во вчерните часови според претходно договорено време. Полетување за Истанбул во 20:50 часот со лет ТК1006. Пристигнување во Истанбул во 23:25 часот. Полетување за Аман на 20.04 во 02:05 часот со лет TK814.

2 ден 20.04: АМАН
Пристигнување во Аман во 04.20 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер и трансфер до 4* хотел. Сместување во соби. По одморот и појадокот заминуваме на разглед на Аман, престолнината на Кралството Јордан… Ќе запознаеме со културата на Хашемитското кралство, со посета на Цитаделата, Римскиот театар, старата џамија, но и со посета на новиот модерен дел на Аман. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 ден 21.04: АМАН – МАДАБА – НЕБО – МРТВО МОРЕ
По појадокот се упатуваме кон нови возбудливи дестинации. Посета на Мадаба, оддалечена 30 км од Аман, а која се протега крај Кралскиот пат, стар 5000 години и претставува една од најзначајните локации во оваа Света Земја. Откако ќе одминеме неколку меѓусебно поврзани градови, стигнуваме во Мадаба, позната како Градот на Мозаиците. Од таму го продолжуваме нашето патување до Планината Небо, една од најзначајните локации за верниците од целиот свет, место каде пророкот Мојсие е погребан. Од таму се упатуваме кон Мртвото море, најниската точка во светот каде што ќе имате можност да уживате во благодетите на солената лековита вода. Враќање во хотел во Аман. Вечера. Ноќевање.

4 ден 22.04: АМАН – ПЕТРА
По појадокот, со спакуван багаж, се упатуваме кон „Розевиот Град“ Петра, најубавиот град некогаш изграден од човечка рака на Набатејците, а целиот вдлабен во карпи. Посетата започнува со јавање на коњи околу 600 – 700м до Сик, најпознатиот теснец во светот, овековечен и во голем број на филмови, влезот на Градот Петра кој нуди неверојатно искуство. Додека шетате долж 1 км долгата патека, над вас бдеат карпите високи и повеќе од 80 м. Боите кои се прелеваат и убавината која природата ја дарила на ова место, се едни и единствени. Кон крајот на Сик, пред нас ќе се појави најспектакуларната глетка, Ал Казнеа (Трезорот). Вечера и ноќевање во хотел во Петра.

5 ден 23.04: ПЕТРА – ВАДИ РУМ
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се уптатуваме на патување низ магичниот Вади Рум (Месечева Долина), која според археолозите била населена во праисторискиот период. На пат кон Вади Рум посета на Седумте Столбови на Мудроста, именувани од Лоренс од Арабија. Продолжуваме кон прекрасниот природен лавиринт од монолитски карпи, на некои места високи и по 1750 м, идеални за планинарење и спортско качување. Гостите може да уживаат во мирните прошетки по непрегледната долина на карпести формации, да ги откријат кањоните и цртежите во карпите стари и по 4000 години. 2 часовно возење со 4×4 џипови низ пустината. Вечера. Единствена можност за ноќевање во пустина и прекрасни погледи кон звезденото небо.

6 ден 24.04: ВАДИ РУМ – АКАБА
По појадокот го продолжуваме патувањето кон Акаба. Панорамси разглед на Акаба. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, капење и сончање на брегот на Црвеното Море како и шопинг, од причина што Акаба се води како безцаринска зона, и претставува единствениот град – фришоп центар во светот. Вечера. Ноќевање.

7 ден 25.04: АКАБА
Појадок и слободно време за индивидуални активности. Можност за факулатина екскурзија – тричасовно крстарење по Црвеното Море со вклучен ручек. За време на крстарењето можност за капење, сончање и површинско нуркање (snorkeling). Ќе ги видите најубавите корални гребени и исклучително богат и разнолик подводен свет. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

8 ден 26.04: АКАБА
По појадокот, се одјавуваме од собите во хотел согласно правилата на хотелот (најдоцна до пладне). Слободно време за индивидуални активности, до времето предвидено за трансфер кон аеродром во вечерните часови.

9 ден 27.04: АКАБА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Полетување кон Истанбул со лет ТК 819 во 01:40. Слетување во Истанбул. Продолжување на летот кон Македонија со TK 1003 кон Сkопје во 07:50. Слетување во Скопје.

ЗАБЕЛЕШКИ:
» За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
» Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
» За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (15) дена пред поаѓање.
» За овој аранжман важат општите услови на патување на Аурора Турс.
» Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
» Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

Tour's Location

from €0,00

You might also like