from €129,00
Book Now

11 Октомври во Тирана, Драч, Круја и Берат

Not Rated

Duration

3 дена

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

11-ти Октомври Албанија

Тирана – Драч- Круја -Берат

2 ноќевања/полупансион+СПА/бус

1 ден: 09.10.2021 Сабота Поаѓање за Круја и Тирана  од Битола на паркингот Спортска сала во 03.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија по новиот автопат. Круја, родниот град на националниот херој Скендербег. Можност за посета на средновековната тврдина, музејот Скендербег и Старата чаршија. По кафе паузата и прошетката низ старата чаршија, заминување за албанскиот главен град Тирана. Како град, Тирана постоел уште од 17 век, а главен град на земјата е од 1920 год. Тој е најголемиот град во Албанија, град кој има своја боја. Панорамски разглед на градот од автобус: плоштадот со споменикот на националниот херој Скендербег, џамијата Етем бег од ХVІІ век, Пирамидата замислена како музеј на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, Националниот историски музеј, Палатата на претседателот, зградите на Министерствата, администрацијата, новите згради на банките, канцелариите, хотелите и првиот локален облакодер. Заминување  за Драч и  сместување во хотел Премиум бич  5* во областа Голем. Вечера. Ноќевање1.

2 ден: 10.10.2021 Недела Појадок. Претпладне  за слободни активности и одмор. Организирана екскурзија за Берат. Тврдина која со векови сведочи за историјата на градот Берат со својата широка порта, кулата за 24-часовно набљудување, музејот каде што се наоѓаат икони, урнатините од џамии, цркви и многу други објекти, продолжува да го привлекува вниманието на локалните и странските туристи. Враќање во хотел. Слободна вечер за прошетка и шопинг. Вечера. Ноќевање2. 

3 ден: 12.10.2021 Понеделник Појадок. Слободно претпладне за користење на хотелските содржини. Поаѓање за Македонија со попатна посета на најголемиот шопинг ценатр во Тирана – ТЕГ. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

Цена: Хотел Премиум 5*  129 Еур/ 7.998,00

 Еднокреветна соба  139 Еур. Деца 2 -12 години 69 Еур. Сопствен превоз -20 Еур од цената.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел 5* во Драч-Голем  на база 2 полупансиони (доручек+вечера)
    • Hotel Premium beach 5* -Модерен хотел со 5 ѕвезди кој е на сама плажа. Ги нуди сите потребни удобности и карактеристики за пријатен престој.Хотелските соби имаат поглед кон базен или кон градина. Сите се климатизирани, опремени со ТВ, мини бар, сеф. Во тоалетите има туш кабина или када.Ресторанот во хотелот нуди избор на специјалитети од локална или медитеранска кујна. Бесплатниот безжичен интернет е распространет низ цела територија на хотелот, а сопствениот паркинг на хотелот е бесплатен за гостите.Premium Beach Hotel 5* има спа центар, со внатрешен базен, сауна, парна бања, соби за релаксација и масажа. Исто така, дел од хотелот се и надворешниот базен и фитнес салата. https://premiumbeachhotel.com/
    • Разглед на Тирана и вклучен шопинг http://albania.al/destinations/tirana/
  • Излет до градот Круја (вклучено во цена) http://albania.al/destinations/kruja/
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

    • Трансфери останати градови (10 Еур)
    • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес

Тирана

Како град основан е во 1614 година, но регионот што денес одговара на територијата на градот бил постојано населен од бронзеното време. Тирана се наоѓа во центарот на земјата опкружена со планини и ридови, со Дајт на исток и со мала долина и пространство на северозапад, со поглед на Јадранското Море во далечината. Поради својата локација во рамнината на Тирана и близината на Јадранското Море, градот е под влијание на медитеранската сезонска клима. Таа е меѓу највлажните и најсончевите градови во Европа, со 2.544 часа сонце годишно.
Како примарен град, Тирана се смета за економски и културен центар на Албанија, поради неговата значајна локација и значење во медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието, услугите, истражувањето и здравството. Сите поголеми компании во земјата, медиумите и научните институции имаат седиште во градот.Во Тирана исто така се наоѓаат седиштата на Владата на Албанија, резиденцијата на претседателот и премиерот на Албанија.

Hotel Premium Beach 5*

View More

Tour's Location

Reviews

0/5
Not Rated
Based on 0 review
Excellent
0
Very Good
0
Average
0
Poor
0
Terrible
0
Showing 1 - 0 of 0 in total

Write a review

Created with Sketch.
from €129,00

You might also like