Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!
Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.
Програма
Ден 1 – 30.12.2022 (ПЕТОК)
Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 31.12.2022 (САБОТА)
-
Во утринските часови пристигнување во Будва. Сместување во вили во центарот на Будва. Слободно попладне.
Во вечерните часови, се упатуваме на градскиот плоштад каде што ќе ја дочекаме Новата 2023 Година заедно со Констракта, Дубиоза Колектив и Џибони. Во договорено време, враќање во вилата. Ноќевање.
Ден 3 – 01.01.2023 (НЕДЕЛА)
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник. Најпрво се упатуваме кон Портомонтенегро – уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. По посетата, се упатуваме кон Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Враќање во Будва и во договорено време се упатуваме кон градскиот плоштад, каде што ќе уживаме повторно со СараЈо, Сенидах и Дино Мерлин. Во договорено време, враќање во вилата. Ноќевање.
Ден 4 – 02.01.2023 (ПОНЕДЕЛНИК)
Одјавување од вилата. Поаѓање кон Бар. Бар е крајбрежен град на Јадранското Море во Црна Гора со население од 40.000 жители (според пописот во 2011 година). Градот претставува административно седиште на истоимената општина и главно пристаниште во Црна Гора. Бар се наоѓа спроти Бари во Јадранот,па оттаму и името “Антивари”. Името Бар, пак, е скратената верзија. Тука се наоѓаат најстарите пишани документи и најзначајните дела од средновековната црногорска литература и историја. Градов бил седиштето на најстарата верска установа во Црна Гора, Барската архиепископија. Се смета дека Старата маслинка во Мировица е стара над 2 000 години, што ја вбројува меѓу најстарите маслинови дрва во Европа. Бар привлекува голем број туристи. Со во просек 270 сончеви денови годишно, Бар е еден од најсончевите градови на Медитеранот. Слободно индивидуално време за прошетка низ Бар. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНА: 79 ЕВРА ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2022
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 2 ноќевања апартманско сместување во центарот на Будва
– Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Целодневна факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник – 30 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса 1.5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, доплата 7 дена пред поаѓање
– За влез во Република Хрватска е потребен валиден биометриски пасош
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници