from 0 review
3 дена / 2 ноќи
Daily Tour
40 people
___
3 дена / 2 ноќи со појадок / автобуски превоз
1 ден (23.10.2020) Петок: Македонија – Тирана
Состанок на групата на паркингот на спортска сала Битола во 05:00 часот наутро.
Поаѓање за Тирана во 05:15 ч од Битола, попатнo Охрид , Струга (се застанува доколку има патници), се продолжува преку граничен премин Ќафасан, гранични формалности, попатни одмори.
Продолжуваме на патот за Тирана, преку Елбансан и пристигнување во Тирана околу 10:00ч / 11:00ч.
Сместување во хотел As Tirana Hotel **** (или сличен). Краток одмор.
Нашето патување го започнуваме со разглед на градот со локален водич, (Саат Кулата, Католичката Катедралата Св. Петар, Националниот Историски Музеј, Пирамида, Блокот, улицата Буш, Националната уметничка Галерија, плоштад Мајка Тереза, Православната Катедрала).
По завршување на разгледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Тирана.
Препорака на ресторани и кафулиња (подолу во описот).
2 ден (24.10.2020) Сабота: Тирана ( Dajti комплекс) – Драч
Доручек. После доручекот, (околу 10 часот) организирано поаѓање кон едно од најубавите места во Тирана, а тоа е планината Дајти, дел од истоимениот Национален Парк (Дајти), каде ќе имаме можност за повеќе активности и тоа: посета на ”Adventure Park”– от , пешачка тура (hiking), возење ролери, параглајдинг,секако и неверојатни места за правење на одлични фотографии. Авантуристичкиот парк Дајти е дел од Националниот парк Дајти, оддалечен 10 минути од горната станица на жичарницата Даjтии Експрес. Авантуристичкиот парк „Дајти“ се наоѓа на неколку метри од комплексот „Дајти експрес“, опкружен со шума со различни цвеќиња и дрвја. Ова е совршено место за ден на отворено.
Во ‘Adventure‘ паркот има активности погодни за возрасни и деца (5 години и постари). Овие активности се составени од лесни до тешки активности, со забавни предизвици за секоја возраст, секоја активност вклучува различни пречки, кои се состојат од мрежи, јажиња и „zip-lines”. За најхрабрите препорачуваме Quick Jump (скок со слободен пад) адреналински скок за крај на посетата нa ‘Adventure‘ паркот.
Исто така ќе имате можност да поминеме еден прекрасен факултативен ручек во еден од најдобрите ресторани Ballkoni Dajtit , тука ќе имаме можност да ги вкусиме најдобрите специјалитети на албанската кујна. Ресторанот се наоѓа на 1000 метри надморска височина на планинскиот врв, давајќи прекрасен поглед кон градот.
За тие патници кои нема да бидат дел од факултативната посета на Комплексот Дајти, следува слободно време за индивидуални прошетки низ градот Тирана.
По завршување на посетата на Дајти комплексот се упатуваме кон хотелот, време за краток одмор. Во договорено време (околу 15:00) поаѓање за Драч (40 минути возење).
По пристигнувањето во Драч, следува разглед на градот и неговите културно – историски знаменитости: националниот музеј, римскиот Амфитеатар, шеталиштето долж брегот… Драч претставува најголемо пристаниште и најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, за што говорат бројните археолошки наоѓалишта и локалитети. Денес е модерен град со околу 120.000 жители и туристички центар со модерни згради, хотели и угостителски објекти. По разгледот, време за слободни активности. Во договорено време, поаѓање кон хотелот во Тирана, ноќевање.
Препорака на ресторани и кафулиња во Драч (подолу во описот)
3 ден (25.10.2020) недела: Тирана – Македонија
Појадок. Одјавување од хотел. Во 10 часот поаѓање кон шопинг центарот htp://www.toptani.com.al/en , следува слободно време за шопинг и индивидуални активности, освежување пред предвиденото патување за назад. Во попладневните часови (околу 16 часот), заминување за Македонија, попатни одмори, гранични формалности.
Пристигнување во Македонија околу 21:00ч / 22:00ч.
Клиенти кои имат Вредносен Ваучер од Т.А ТУРИСТ имаат можност да го искористат истиот за горенаведениот аранжман.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 евра по лице
Деца до 12 год. – 20 евра од цената за возрасен
Thoughtful thoughts to your inbox