fbpx
from €0,00
Book Now

24.МАЈ НА СЕВЕРОТ ОД БАЧКА И УНГАРИЈА (Ергела Келебија-Суботица-Езеро Палиќ-Сегедин) (20.05.2022 – 24.05.2022)

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

24.МАЈ НА СЕВЕРОТ ОД БАЧКА И УНГАРИЈА

(Ергела Келебија-Суботица-Езеро Палиќ-Сегедин)

Дворец како од бајките, дива убавина и спокојство, липицанери, фијакери, солено езеро… Според легендата која жителите со драго срце ќе Ви ја раскажат, езерото Палиќ се формирало од солзите на овчарот кој го изгубил своето стадо, па затоа водата во езерото е солена. Според друга приказна, езерото е остаток од Панонското Море кое во дамнешни времиња постоело на овие простори. Да, тоа исто Панонско Море за кое Балашевиќ ја испеал Панонскиот морнар…

(20.05.2022 – 24.05.2022)

Прв ден: 20.05.2022 (петок)

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Војводина со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 21.05.2022 (сабота)

Пристигнување во претпладневните часови на најсеверниот дел од Бачка, во селото Келебија кое се наоѓа на само десетина километри од центарот на Суботица и на 500 метри од границата со Унгарија. Сместување на групата во Хотел Вила „Majur 4****, преубав објект кој потсетува на дворец од бајките (http://www.vilamajur.com/sr/). Хотелот е опкружен со прекрасен парк во кој доминираат борот и елата, со уредени патеки за прошетка и летниковци за одмор, вештачко езеро со дрвена куќичка наменета за гуските и шатките, тениски игралишта… Вистински рај за одмор на душата. Слободно време за одмор од патувањето. Во договореното време заминуваме на разглед на најголемата ергела за одгледување на коњи од расата липицанери, ергелата Келебија која е во сопственост на хотелот (http://www.ergelakelebija.rs/). Изградена е во 1993-та година на површина од неверојатни 25 хектари, а денес тука се одгледуваат 80 липицанери чии матични грла биле купувани од ергелите во поранешна Југославија. Организиран разглед на ергелата и на музејот во кој се наоѓа колекција од повеќе од 30 различни кочии, фијакери, чези и санки. Потоа следува несекојдневно доживување-возење со фијакерите низ преубаво уредениот парк и боровата шума, а сите љубители на јавањето можат со помош на искусните инструктори да пробаат да ги јаваат мирните коњи. Слободно време за кафе или за ручек во ресторанот на ергелата. Во попладневните часови враќање во хотелот каде ќе можете да уживате во содржините на хотелот кој има wellness центар: затворен базен, сауна, мини теретана и просторија за масажа. Ноќевање.

Трети ден: 22.05.2022 (недела)

Појадок. Заминуваме кон Суботица, градот кој извесно време бил под Австро-унгарска власт што имало најголемо влијание врз стилот на градбите. Во центарот на градот доминира Градската куќа како најголема атракција и Народниот театар. Една од најрепрезентативните градби во бароктен стил е катедралата градена кон крајот на XVIII век, а најубав пример за градба во стилот на сецесијата е Рајхловата Палата, некогашна семејна куќа на архитектот Ференц Рајхл. Организиран разглед на градот со локален туристички водич и слободно време за индивидуални прошетки. Потоа продолжуваме кон најголемото природно езеро во Војводина, езерото Палиќ за кое постојат записи уште во XV век. Три века подоцна започнале испитувањата за лековитоста на водата и тоа бил почетокот на изградбата на бањата која и денес постои. Предвидена е прошетка покрај езерото и околината со локален туристички водич: Разглед на малата гостилница, големата тераса, големиот парк, Музичкиот павиљон, Спомен чешмата, Споменикот на Лајош Вермеш, плажата… Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден:23.05.2022 (понеделник)

Појадок. Целодневен излет во соседна Унгарија и посета на еден од најубавите градови -Сегедин кој со право го нарекуваат мала Виена. Градот е познат по својата преубава архитектура; за време на разгледот ќе го видиме Музејот на познатиот писател Ferenc Mora, остатоците од Сегединскиот дворец, хотелот Tisa-некогашно место каде се собирала сегединската елита, Плоштадот посветен на грофот Istvan Secenјij во кој се наоѓаат некои од најубавите промероци на унгарскарта сецесија, плоштадот Dugonjic на кој е изграден сегединскиот универзитет, Српската Православна Црква со преубавиот иконостас познат како златно дрво со 80 икони, Катедралната црква и плоштадот. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во попладневните часови враќање назад во хотелот во Војводина. Ноќевање.

Четврти ден:24.05.2022 (вторник)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Попатна посета на шопинг центар и слободно време за индивидуални активности. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………159 евра (9.860 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Превоз со туристички автобус

Три ноќевања со појадок во хотел „Majur“ 4**** на Келебија

Посета на Eргелата за коњи липицанери „Kelebija со вклучена влезница за ергелата и музејот, возење со кочии, јавање на коњи

Организиран разглед на Суботица и езерото Палиќ

Организиран разглед на градот Сегедин во Унгарија

Локален туристички водич за време на сите разгледи

Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Патничко осигурување

Туристичка такса – 1 евро по лице од вечер

Доплата за еднокреветна соба – 15 евра од вечер

НАПОМЕНА:

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 05-ти мај 2022 година

View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

from €0,00

You might also like