fbpx
from €199,00
Book Now

24. МАЈ ВО ИТАЛИЈА Трст- Лидо ди Јесоло-Венеција-Бурано-Мурано-Верона (20.05.2022 – 24.05.2022)

Not Rated

Duration

4 дена

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

24.МАЈ ВО ИТАЛИЈА

Трст- Лидо ди Јесоло-Венеција-Бурано-Мурано-Верона

(20.05.202224.05.2022)

Таа е романтична, волшебна и сјајна… Колку е величествена говори изреката на Францускиот крал

Henri III: Да не сум крал на Франција, би бил граѓанин на Венеција!

Ве водиме во Венеција… Во градот на маските, градот на 450 палати, на 177 канали и 417 мостови, градот на распеаните гондолиери кои ќе Ви кажат дека ако се возите со оној со кој сакате да остарите, тогаш морате да го бакнете под Мостот на Воздишките…

Прв ден: 20.05.2022 (петок)

13:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 15:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Италија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 21.05.2022 (сабота)

Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Организиран разглед на градот, а потоа слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Во договореното време заминуваме кон Лидо ди Јесоло, туристичко место во Венецијанскиот залив кое има 15 километри долга песочна плажа, многу хотели и повеќе од десет плоштади. Сместување во хотелот „Trento“ 3*** (https://www.hoteljesolotrento.it/ ). Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Трет ден: 22.05.2022 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Пунто Сабионе, а потоа со брод на целодневен излет кон двата острови Бурано и Мурано и кон италијанската убавица Венеција. Приказната започнува од шарениот остров Бурано, надалеку познат по производството на тантела со игли. Кога Леонардо да Винчи го посетил овој остров во 1481 година, од таму купил ткаенина за главниот олтар на Миланската катедрала Duomo di Milano, па оттогаш се почнало со масовно производство кое било извезувано низ цела Европа. Денес само мал број жени ја изработуваат тантелата на традиционален начин и затоа е многу скапа. Шарениот остров е познат и по различната боја на куќите, традиција која започнала во далечното минато. Имено, кога рибарите се враќале дома, поради густата магла не можеле да ги препознаат своите домови па оттогаш нивните жени започнале да ги бојат куќите во различни јаки бои за да не залутаат нивните мажи. Денес овие куќи се под заштита на УНЕСКО и доколку некој сака да ја промени фасадата на својот дом, мора да испрати барање до Владата која ќе одговори со известување за одредени бои дозволени за таа парцела. Оттаму продолжуваме кон Мурано (стаклениот остров) каде се произведуваат најубавите лустери, преубавите сувенири, накит, чаши,чинии… Во 1921 година заради спречување на можноста од избувнување на пожари донесена е одлука целото производство на стакло да се пресели од Венеција на овој остров, па така се до 18. век Мурано држел монопол во производството на стакло. Стакларите биле најценетите граѓани на островот-носеле меч, имале имунитет од казни, можеле да се женат со ќерките од најдобрите семејства во Венеција… За возврат на сето тоа тие имале забрана да го напуштаат островот бидејќи на тој начин се настојувало да се сочува тајната на производството на стакло. Слободно време за уживање во раскошната убавина на островот. Потоа се упатуваме кон Венеција, единствениот град на вода кој лежи на дрвена конструкција. Го нарекуваат уште и невестата на морето и кралица на Јадранот. Срцето на градот кој наместо улици има канали, а наместо автомобили гондоли е изграден на Плоштадот Свети Марко на 50 метри над водата на темелите на дрвени греди. Легендата вели дека додека шетал низ островите, на евангелистот Марко му се јавил божји глас кој му рекол дека на тоа место ќе се изгради убав и необичен град кој тој ќе го земе под своја заштита. Наводно, така и се случило… Организиран разглед на градот низ кој се простира Црквата Свети Марко, Дуждевата Палата, каналите и мостовите кои минуваат низ целиот град од кои најпознатиот е Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки, уживање во вкусот на најубавото италијанско кафе, можност за возење со елегантните гондоли, шопинг низ тесните улички кои се преплавени со обележјето на градот-венецијанските маски. Во доцните попладневни часови ја напуштаме Венеција со брод и се враќаме назад во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

Четврти ден: 23.05.2022 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон романтичниот град Верона познат по најубавата и најтрагичната љубовна приказна . Градот е под заштита на УНЕСКО и освен прочуената Арена, познат е и по преубавите мостови на реката Adige, црквите, плоштадите, тврдините и палатите, како и по специфичната архитектура со многу градби од розова цигла. Шекспир го сместил сценариото за Ромео и Јулија токму во Верона, а денес атракција е балконот на куќата на Јулија на кој наводно двајцата се заколнале на вечна љубов. Централен градски плоштад е Ербе со фонтаната Madona Verona, на кој се наоѓа највисоката кула во Верона подигната во 16-от век во висина од 84 метри. Веднаш до главниот плоштад се наоѓа Piazza dei Signori (Господскиот Плоштад), еден од најубавите во Верона. Во неговиот централен дел е поставен споменикот на најзначајниот италијански поет Данте Алигиери. Од источната страна на плоштадот се доаѓа до црквата Santa Maria Antika позната по гробовите на семејството Scaliger  и по нивните саркофази во готски стил. На најубавиот градски плоштад Бра се наоѓа симболот на Верона – Арената или Римскиот амфитеатар кој и денес е во функција, а од таму започнува и главната шопинг улица во Верона по која ќе имате слободно време да прошетате. Во договореното време се враќаме назад кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања и одмори.

Пристигнување во Македонија на 24.05.2022 (вторник) во пладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……199 евра (12.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Превоз на наведената релација со туристички автобус

Две ноќевања со појадок во хотел Trento 3 *** во Лидо ди Јесоло

Организиран разглед на Трст

Целодневен излет до островите Бурано и Мурано и разглед на Венеција со вклучен автобус и брод

Организиран разглед на Верона

Лиценциран туристички водич за време на сите разгледи

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

Туристичка такса…2 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за двете вечери)

Патничко осигурување

НАПОМЕНА:

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 05-ти мај 2022 година

View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

from €199,00

You might also like