from €75,00
Book Now

8ми Март – Будва, Тиват и Котор

Not Rated

Duration

2 ноќевања

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

1 ДЕН (05.03.2021 – Петок) : Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 20.00 часот. Поаѓање за Црна Гора во 20.30 часот. Патот води  преку Охрид, Струга, г.п.Ќафасан, Елбасан…ноќно патување со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (06.03.2021 – Сабота) : Пристигнување во Будва во утринските часови. Краток одмор, по што следува разглед на градот со стручен водич…прошетка низ Стариот дел – каде се наоѓаат најважните културно-историски споменици, градските зидини, цитаделата, музејот, галеријата, црквата Св.Иван, марината, црквата Св.Јован Крстител, црквата Св.Сава…Сместување во хотел. Слободно попладне – можност за индивидуален разглед на градот или шопинг. Ноќевање.

3 ДЕН (07.03.2021 – Недела) : Појадок. Слободно време или можност за полудневен излет до Тиват и Котор со стручен водич (факултативно)…разглед на католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св.Сава, Летниковецот Буча, комплексот “Порто Монтенегро”, Ботаничката градина…посета на Котор : Поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола…слободно време. Враќање во Будва во касните попладневни часови..Вечерта – можност за организација на Свечена Вечера со мени и програма (во складот со безбедносниот протокол за организирање на истите на Р.Црна Гора). Ноќевање.

4 ДЕН (08.03.2021 – Понеделник) : Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за  манастирот Острог – основан во 17.век од Митрополит Василије, светец и чудотворец, чии мошти се сместени во самиот манастир…можност за поклонение пред моштите и разглед на манастирот. Поаѓање за Македонија околу 17.00 часот. Пристигнување во Македонија во касните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 4.650,00 денари (75)

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

МАНАСТИРОТ ОСТРОГ во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Причината за тоа се бројните чуда кои што се случуваат во ова карпесто црквено здание. Од тие безбројни исцеленија мал број е запишан и објавен пред минатата светска војна. Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик.

Реки од верници го посетуваат манастирот во кој што доаѓаат пешки, а голем процент од посетителите се брачни парови кои што не можат да имаат деца. Но, не е мал и бројот на жените кои што после посетата на вечната куќа на прочуениот светец останале бремени, а сите до една веруваат дека токму свети Василиј ги благословил, па останале бремени.

Се верува и дека виновата лоза која што расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, поточно дека нејзините плодови ја лечат неплодноста.Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог,каде се сместени две мали цркви:горна-посветена на Светиот Крст, и втората посветена на Воведение на Богородица.Сместување во Долен Манастир,кој поседува 29 повеќе креветни соби (8,10 кревети во соба)или можност за сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат или во манастирскиот двор.Во манастирот се добиваат ќебиња и душек.
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 34 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

–          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.

–          За ова патување не е потребен PCR тест.

–          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.

–          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

–          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

За отказ на резервација важат опшите услови, односно :

– за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
– за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
– за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
– за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.

ОВАА ПРОГРАМА НЕ Е ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА НА TА АРИЕС, И ЗА ИСТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ КОВИД ВАУЧЕР!

Included/Excluded

  • Автобуски превоз на горенаведената релација (високоподен, со аудио и видео опременост) 2 ПП (полупансиони) во хотел со 3* во Будва
  • ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Прилеп, Ресен, Охрид, Струга
  • организација, водство и реализација на аранжманот
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици
  • патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице)
  • трансфер на патници (Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци, Кичево) – доплата од 10 € по лице
  • полудневен излет до Тиват и Котор – 15 € по лице
  • Свечена Вечера во ресторан во Будва - € по лице
  • Трансфер со теренски возила до Острошкиот манастир (од местото каде ќе паркира автобусот) - 5 € по лице

Tour's Location

Created with Sketch.
from €75,00

You might also like