fbpx
from €159,00
Book Now

8ми Март во Пролом Бања

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

1.Ден 05.03.2022 (Сабота)                               СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

2.Ден 06.03.2022 (Недела)                                        ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера.  Ноќевање.

 

3.Ден  07.03.2022 (Понеделник)                         ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10.00 часот организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

 

Редовна цена – 159€/9.858ден

Цена за најмалку 2 лица во соба.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

–        Автобуски превоз на наведената релација

–        Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)

–        Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера

–        Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода

–        Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум

–        Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич

–        Туристичка такса

–        Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

–        Задолжително патничко осигурување.

–        Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) – 5€ доплата на лице место.

 

–        Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).

 

Попусти и опционални доплати:

–        Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден

–        Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд

–        Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд

–        Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање)

–        Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник

–        Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)

–        Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170ден

 

НАПОМЕНИ:

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За ова патување, во однос на враќањето за влез во Македонија, потребно е да имате сертификат за вакцинација од вирусот SARS-Cov-2 односно примени најмалку 2 дози, сертификат за прележан КОВИД во последните 45 ден сметајќи од денот на оздравување или негативен PCR тест не постар од 72 часа (овие сертификати не се потребни за лица под 18 год).

– За време на патувањето ќе бидат запазени сите безбедносни протоколи за заштита од КОВИД, задолжителна дезинфекција при влез во автобус.

– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува а уплатениот износ нема да биде рефундиран.

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА АРИЕС.

Tour's Location

from €159,00

You might also like