from 0 review
3 дена
Specific Tour
Unlimited
___
3 дена/2 ноќевања/бус
Врњачка Бања е посебно убава во рана пролет. Совршениот спој на чистиот воздух, големите паркови и термалните извори го прави ова место идеално за викенд бегство од секојдневниот живот, а особено кога заедно со природата се будат и Вашите чувства…
Се наоѓа на 300 км од Скопје позната е по своите лековити води и претставува центар со најсовремена медицинска служба за превенција ,лечење, дијагностицирање и рехабилитација на органите за варење и шеќерни болести.Топлата вода во Врњачка Бања има температура од 36.5 степени целзјусови колку што е температурата на човечкото тело, по што е единствена во Европа.
Врњачка Бања располага со 7 познати минерални извори: Снежник, Слатина ,Топла Вода, Езеро,Борјак, Бели извори и Врњачко врело, од кои 4 се за лековита терапија (Снежник,Слатина,ТоплаВода и Езеро) додека другите две се користат за флаширање на минерална вода ( Борјак и Врњачко врело ).
1 ден 05.03.2021 Петок Битола-Скопје-Врњачка Бања
Поаѓање во 04:00 часот од пред Спортска сала Младост. Патот води преку Прилеп, Велес, Скопје , Ниш со попатни паузи. Пристигнување во пладневните часови, сместување во Хотел Крал 3* http://www.hotelkralj.rs/wellness/ . Време за одмор и слободни активности, како и користење на спа центарот во хотелот. Во попладневните часови посета на изворите . Враќање во хотелот и организирана свечена вечера. Ноќевање.
2 ден 06.03.2021 Сабота Врњачка Бања – Манастир Жича
Појадок. После појадокот , слободно време за користење на спа центарот. Во попладневните часови посета на минералните извори. Црквата Пресвета Богородица, Врњачките паркови , Мостот на љубовта, старите врњачки вили итн. Во вечерните часови враќање во хотелот. Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево (10 Еур). Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место. Внатре во црквата има два слоја на фрески.Ноќевање
3 ден 07.03.2021 Недела Врњачка Бања – Ниш
Појадок. Можност за претпладневно користење на хотелскиот СПА центар или прошетка низ прекрасното гратче. Одјавување од хотелот. Тргнување за Македонија во пладневните часови, попатна пауза и разглед на преубавиот Ниш со можност за шопинг. Враќање во Македонија во вечерните часови.
Цена на аранжманот со вклучен превоз:
119 евра по лице /7,378 денари
*Деца до 7 години бесплатн во хотел (плаќа само бус 30 Еур)
*Деца од 7- 11.99 години плаќаат 69 евра / 4,278 денари. Сопствен превоз -20 Еур.
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– 2 ноќевања на база на ноќевање со појадок во хотел Краљ 3* Врњачка Бања http://www.hotelkralj.rs/
– свечена вечера со пијалок
– Kористење на: внатрешниот базен , џакузи, парна Бања, Калдариум. Тепидариум, ”Руска” Спа ,”Финска” Сауна
*Услугите на спа центарот можат да се користат од 10-21 часот
-Превоз со туристички автобус
– Организиран повратен трансфер од хотелот до бањите
– Организација и придружник на патувањето
– Посета на Ниш
Во цената на аранжманот не е вклучено:
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници. Како за сите наши туристички програми така и за оваа програма важат пропишаните мерки за заштита од Ковид19.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Ариес