from €47,00
Book Now

Белград, Тумане и Голубац – 26.02-28.02.2021

Not Rated

Duration

1 ноќевање

Tour Type

Specific Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

БЕЛГРАД- СРЕБРЕНО ЕЗЕРО – ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА – МАНАСТИР ТУМАНЕ

 

1. ДЕН – Се поаѓа во  23:30 часот од пред спортска сала Боро Чурлевски. Ноќно возење. Влез во Србија преку граничен премин Табановце  со попатни паузи и царински формалности.

2.ДЕН Пристигување во Белград во утринските часови. Посета на црквата Св.Сава– најголемиот православен храм на Балканот и втор во светот по црквата на Исус Христос во Москва . По посетата се упатуваме кон центарот на Белград. Слободно време за индивидуални прошетки по Кнез Михајлова. Во договорено време поаѓање за Сребрено Езеро. Сребрено езеро е вештачко езеро на десниот брег на реката Дунав. Сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи по брегот на Дунав. Можност за организирана вечера во ресторан. Ноќевање.

3.ДЕН- Во претпладневните часови се поаѓа за Голубац  град  каде се посетува Голубачката тврдина . Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. По посетата се поаѓа за Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков  како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. По посетата на манастирот се поаѓа за Врање. Посета на маркетот Лидл. Слободно време за шопинг.  Во попладневните  часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце  со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 2900  денари 

 Поаѓање од Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово

Патувањето може да биде само до лична карта без ПЦР тест

 

Во цената е вклучено :

* Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

* 1 ноќевање во апартмани на Сребрено езеро

* Пратител на групата за време на целото патување

* Сите посети кои се вклучени во програмата

Во цената не е вклучено :

* Факултативни излети

* Влезница за Голубац град  од 5 еу

* Патничко осигурување

*можност за доручек во ресторан – 5 еу (на база шведска маса)

*можност за вечера во ресторан – 10 еу (на база шведска маса)

 

Напомена!!!

-За реализација на аранжманот се потребни минимум 35 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Ариес Битола. Крајниот рок за известување на евентуален отказ е пет дена пред датумот на поаѓање. Организаторот го задржува правото на измена на поедини содржини во програмата.

Included/Excluded

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 1 ноќевање во апартмани на Сребрено езеро
  • Пратител на групата за време на целото патување
  • Сите посети кои се вклучени во програмата
  • Факултативни излети
  • Влезница за Голубац град од 5 еу
  • Патничко осигурување
  • можност за доручек во ресторан – 5 еу (на база шведска маса)
  • можност за вечера во ресторан – 10 еу (на база шведска маса)

Tour's Location

Created with Sketch.
from €47,00

You might also like