from €0,00
Book Now

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ЗАГРЕБ

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ЗАГРЕБ

(Пронајдете го детето во себе во магијата на SalajLand)

(25.11.2021-28.11.2021)

 

Затворете ги очите… Почувствувајте го мирисот на медењаците и на топлото чоколадо… Слушнете ги сентименталните божиќни песни кои Ве враќаат во детството… И тоа е доволно да се препуштите на уживањето во Божиќниот пазар во Загреб кој во последните неколку години според on line анкетите е прогласен за најдобар Божиќен пазар во Европа. Ве водиме одблизу да го почувствувате лесното движење на самовилите и да бидете дел од магијата на имотот на семејството Salaj

Прв ден:25.11.2021 година (четврток)

 

Поаѓање на групата од Кавадарци во 21.30 часот и од Скопје во 23.30 часот (пред туристичките агенции ) кон Хрватска со попатни застанувања и одмори.

 

 

Втор ден: 26.11.2021 година (петок)

 

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич: Стариот дел на градот со средновековните квартали Каптол со катедралата и Градец со камената порта со чудотворната икона на Богородица и Христос, Црквата „Свети Марко“, кулата Лотршчак, Парламентот… Потоа сместување на групата во хотел Central“ 3*** (http://www.hotel-central.hr/) кој се наоѓа во центарот на Загреб. Во вечерните часови препуштете се на уживањето во единствената празнична атмосфера на различни локации низ улиците во градот каде има забава за секого – од божиќните штандови на кои ќе најдете уникатни сувенири и украси па се до вареното вино, печените костени и традиционалните помалку заборавени специјалитети. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

 

Трети ден: 27.11.2021 година (сабота)

 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување на групата кон малото хрватско село Грабовица покрај Чазма, каде на падините на Мословачка Гора на имотот на семејството Salaj на површина од околу 60.000 метри квадратни се организира единствената светлечка манифестација во овој дел од Европа која секоја година ја посетуваат повеќе од 90.000 домашни и странски туристи. Единствено пандемијата успеа минатата година да ја прекине оваа традиција за годинава повторно да биде најавен нејзиниот рестарт. Се` започнало пред дваесетина години кога сопственикот Златко Салај, кој имал сиромашно детство посакал на своето семејство да му приреди вистинска Божиќна идилична атмосфера каква има само во филмовите китејќи го дворот со 7000 светликави ламбички. Освен семејството, од ефектот биле воодушевени и бројните минувачи, па така тој продолжил секоја година со уште поголем елан да го дополнува и разубавува целиот амбиент, за со текот на годините благодарение на големиот труд и ентузијазам неговиот сон за Божиќ од бајките да прерасне во најзначајната туристичка манифестација во континенталниот дел на Хрватска. Посетителите ги очекуваат пет милиони ламбички кои ќе бидат поставени низ целиот имот, како и 1500 божиќни топки на дрвјата низ целиот имот украсени на потполно нов начин со таканаречени светлосни ice light. Покрај повеќето атракции меѓу кои е Божиќното село под ѕвездено небо, големите санки наменети за фотографирање, осветлените патеки за шетање, ресторан каде можете да испиете топол чај или кафе, тука е и приказот на Исусовиот гроб. Откако во магијата на оваа бајка ќе успееме да го пронајдеме детето во себе, се враќаме во хотелот во Загреб. Ноќевање.

 

Четврти ден: 28.11.2021 година (недела)

 

Појадок. Околу пладне одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………169 евра (10.480 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во хотел „Central“ 3*** во Загреб

– Излет до Грабовица со вклучена влезница во SalajLand

– Локален туристички водич за разглед на Загреб

– Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

– Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за двете вечери)

– Туристичка такса во Загреб (се плаќа во агенцијата) – 200 денари за двете вечери

– Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 15. Ноември 2021

Напомена за услови за влез во Хратска за државјаните на трети земји

(земји кои не се членки на ЕУ)

 

Според Одлука на Штабот за цивилна  заштита на Р.Хрватска  (до 31 октомври 2021 година):

 

–          Поседување на негативен ПЦР тест  не постар од 72 часа од моментот на тестирањето или брз антигенски тест на SARS-CoV-2 кој е наведен на Заедничка листа на брзи антигенски тестови кои меѓусебно ги признаваат државите членки на ЕУ, а која ја објавува Европската комисија, ако резултатот не е постар од 48 часа од моментот на тестирање до доаѓањето на граничниот премин.

–          Поседување на потврда не постара од 365 дена по примени две дози вакцина која се користи во државите членки на ЕУ (Pfizer, Moderna, AstaZeneca, Gamaleya, Sinopharm), и е  поминато 14 дена од примената втора доза на вакцина против COVID -19. Или доколку се работи за вакцина која се прима само во една доза (Janssen/Johnson&Johnson) и ако е поминато 14 дена од примањето на таа една доза, поседување на потврда не постара од 365 дена од примањето на едната доза.

–         Деца помлади од  12  години кои патуваат во придружба на родители/старатели се изземени од обврската за прикажување на негативен резултат и самоизолација ако родителите/старателите поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, односно потврда за вакцинација или преболена болест на COVID-19.

 

View More

Tour's Location

Created with Sketch.
from €0,00

You might also like