Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Програма
1 ден 06.12.2023 (среда) Битола- Скопје – Будимпешта Состанок на групата со организиран трансфер од Битола во 14.45 часот. Трансфер до аеродром Скопје. Состанок со групата на аерододром Скопје во 18.00 часот. Лет за Будимпешта со Wizzair W6 2230 19:50 SKP – 21:15 BUD. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање1.
2 ден 07.12.2023 (четврток) – Будимпешта разглед-Крстарење по Дунав Појадок. Факултативно (30 Еур) можност за организиран панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Враќање во хотел, време за одмор. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање2.
3 ден 08.12.2023 (петок) Будимпешта– Сент Андреа- Ноќна прошетка Појадок. Слободен ден за прошетка и шопинг. После појадокот, можност за факултативна посета на Сент Андреа- сликвитото гратче на брегот на Дунав, каде ќе можеме да видиме живописното место во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви (факултативно 60 Еур). Ќе имаме можност да го вкусиме лебот Лангос, како и да го посетиме музејот на керамика Маргит Ковач или пак музејот на марципанот… Вечерта можност за факултативно (25 Еур) крстарење со брод на Дунав со вклучен еден пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање3.
4 ден 09.12.2023 (сабота) Будимпешта – Палатата Годоло – Скопје
Појадок. Слободно претпладне за прошетка и шопинг. Можност за факултативна организирана екскурзија (55 Еур) со барокната палата Годоло. Само на половина час возење од Будимпешта се наоѓа палатата на кралицата Елизабета (Сиси) и кралот Франц Јозеф. Најголемата барокна палата во Унгарија била изградена по 1735 година од Антон Грасалкович I. создавајќи нов тип во унгарската барокна палата архитектура. Со архитектонската иновација на талентираниот австриски архитект од ерата, Андрас Мајерхофер (1690–1771), се појави импозантната главна фасада на палатата, крилата во форма на буквата У се наведнуваат наназад кон градината и го опкружуваат дворот на палатата без да се наведнуваат напред. како палатата Естерхази во Фертод. Така, посетителите можат да влезат во зградата преку главната украсна порта на Палатата, од каде што можат да одат во прекрасната градина на зградата. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Ноќевање4.
5 ден 09.12.2023 (недела) Будимпешта – Скопје
Појадок. Можност за факулататива екскурзија……
Поаѓање за аеродром во 18.00 часот и лет за Скопје W6 2229 22:55 BUD – 00:20 SKP Пристигнување во Скопје после полноќ.
Цена на аранжманот: 399 евра/ 24,738 мкд
Цена за рана уплата до 31/08/2023: 371 евра/ 23,000 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– авионски превоз со Wizzair на релација Скопје-Будимпешта РТ , (рачен багаж 40х30х20 cm 8 kg)
– сместување во хотел 3* на база 4 ноќевања со појадок во Будимпешта
– панорамски разглед на градот со професионален водич
– придружник од агенцијата за време на патувањето,
– организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– панорамски разглед на градот 30 Еур
– крстарење со брод по Дунав – 25 евра
– екскурзија на Сент Андреа – 60 евра
– екскурзија палатата Годоло – 55 евра
– патничко осигурување-300 денари
– задолжителна туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
— Трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река), Велес 20 Еур РТ
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.