fbpx
from €139,00
Резервирај

БУДИМПЕШТА 8 МИ МАРТ/ 2023

Нема оценки

Времетраење

Тип

Дневна Тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра (8.620,00 мкд)

Промо цена 139 евра (6.758,00 мкд)

Состанок на групата на Хотел Русија во 17.30час. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Будимпешта. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.

Слободно време за одмор.

Вечерта предлог индивидуална прошетка до некој од плоштадите во Будимпешта.

Ноќевање.

Појадокот. Факултативна посета на Естергом – град кој лежи на брегот на реката Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Потоа се упатуваме кон живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.

Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и вечера во национален ресторан Чарда.

Ноќевање.

Појадок. Одјавување од хотел.  Слободно време за посета на шопинг центар Арена.

Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.

Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 20.03-Понеделник.

Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со високо туристички автобус

2 ноќевања со појадок во хотел 3*

Посета на трговскиот центар Арена

Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)

Факултативно крстарење по Дунав  ( 20 еур)

Факултативна посета на Сент Андреа и Естергон (25 еур)

Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)

Патничко и здравствено осигурување 200 мкд

Индивидуални трошоци

Доплата за еднокреветна соба

Прочитај Повеќе

Маршута

Вклучува/Не вклучува

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Посета на трговскиот центар Арена
  • Организација и водство на патувањето
  • Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа и Естергон (25 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба

Локација

од €139,00

Можеби ќе ви се допадне