from €69,00
Book Now

Будва и Котор за Нова Година

Not Rated
Created with Sketch.

Duration

2 ноќевања

Created with Sketch.

Tour Type

Daily Tour

Created with Sketch.

Group Size

40 people

Created with Sketch.

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

БУДВА И КОТОР ЗА НОВА ГОДИНА

ПРОГРАМА:

Ден 1 – 30.12.2020 (Среда)

Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2 – 31.12.2020 (Четврток)

Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Патувањето продолжува кон Будва. Сместување во вила во центарот на Будва. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3 – 01.01.2021 (Петок)

Можност за факултативна посета на градот Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање.

Ден 4 – 02.01.2021 (Сабота)

Одјавување од вилата во договорено време и поаѓање кон Подгорица каде што е предвидена посета на трговскиот центар DELTA CITY. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69€ по лице

доплата за трансфер од Битола, Прилеп, Велес +5 евра по лице

ВО СЛУЧАЈ НА ПОЗИТИВЕН ТЕСТ УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА СЕ ВРАЌААТ ВО ЦЕЛОСТ ОСВЕН СРЕДСТВАТА НАМЕНЕТИ ЗА ТЕСТИРАЊЕТО

Itinerary

Expand All
Важни напомени

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

– За реализација на факултативата потребен е минимум од 20 патници

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Т.А. Ариес

Included/Excluded

  • 2 ноќевања во вила во центарот на Будва
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Посета на манастирот Св.Василије Острошки
  • Посета на трговскиот центар DELTA CITY
  • Лиценциран пратител во текот на целото патување
  • Организација и реализацијa на аранжманот
  • Вклучен IgM тест за антитела
  • Факултативен излет до Котор 5 евра
  • Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог
  • Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

Tour's Location

Created with Sketch.
from €69,00

You might also like

Get Updates & More

Thoughtful thoughts to your inbox