fbpx
from €199,00
Book Now

ДОЧЕК НА НОВА 2023 ГОДИНА- НОВИ САД

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ДОЧЕК НА НОВА 2023 ГОДИНА- НОВИ САД

(Со посета на Сремски Карловци и ручек со музика во живо)

(30.12.2022 – 02.01.2023)

30.12.2022 (петок)

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Прв ден: 31.12.2022 (сабота)

Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич на Нови Сад, градот кој е создаден на левиот брег на реката Дунав: Дунавската улица, Дунавскиот Парк, Змај-Јовината улица, Плоштадот на Слободата каде се наоѓаат Градското Собрание, Римокатоличката Црква, Соборната Црква… По завршувањето на разгледот сместување на групата во хотелите Zenit3*** ( https://hotelzenit.co.rs/) и „Mediteraneo“ 3*** (https://hotelmediteraneo.rs/) на извонредна локација во самиот центар на градот. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ празнично украсениот град. Вечерта Дочек на Новата 2023 Година во сопствена организација. Ноќевање.

Втор ден: 01.01.2023 (недела)

Појадок. Во договореното време заминуваме кон Сремски Карловци, малиот шармантен град во Војводина кој долго време бил под власта на Хабзбуршката Монархија. Организиран разглед со локален туристички водич на градот кој дише со отменост и аристократија. Се вели дека Патријаршијата е една од најубавите згради во Србија. Изградена е кон крајот на 19.век во стилот на Италијанските палати на местото каде некогаш се наоѓал Пашин конак, првото седиште на поглаварот на Српската Православна Црква. На централниот плоштад во градот доминира прочуената чешма Четири Лава изградена во 1799 година во чест на отварањето на првиот карловачки водовод. Тука е и најстарата Карловачка Гимназија подигната во 1891 година како задужбина на патријархот Герман, а од почетокот на 20. век наставата во неа е достапна и за девојките. Слободно време за кафе пауза и прошетки низ центарот. Во договореното време се враќаме во Нови Сад. Организиран ручек со музика во живо во ресторан во градот. Во вечерните часови слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Трети ден: 02.01.20223(понеделник)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………199 евра (12.340 денари)

(сместување во хотел „Mediteraneo“ 3*)

Напомена: Цена на аранжманот за сместување во хотел „Zenit“ 3*

209 евра (12.960 денари)

(сместување во хотел „Zenit“ 3*)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација

  • Две ноќевања со појадок во хотелите Mediteraneo или „Zenit“ во Нови Сад

  • Организиран разглед на Сремски Карловци

  • Организиран ручек во ресторан во Нови Сад со музика во живо

  • Локален туристички водич за разглед на Нови Сад и Сремски Карловци

  • Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Доплата за еднокреветна соба – 40 евра („Mediteraneo) 60 евра („Zenit“) за двете вечери

  • Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)

  • Патничко осигурување

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

(плаќање во денарска противвредност)

View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

from €199,00

You might also like