fbpx
from 159 €
Резервирај

ДОЧЕК НА НОВА 2023 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР

Нема оценки

Времетраење

Тип

Дневна Тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

___

Опис

Print Friendly, PDF & Email

ДОЧЕК НА НОВА 2023 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР

(со посета на Врњачка Бања)

(30.12.2022 – 02.01.2023)

30.12.2022 (петок)

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Прв ден: 31.12.2022 (сабота)

Пристигнување на Златибор во утринските часови. Сместување на групата во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs). Слободно време за одмор и за уживање во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Индивидуални прошетки низ градот кој е подготвен за највеселата ноќ. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелскиот комплекс. Вечерта, организиран дочек на Новата 2023 година на плоштадот со богата музичка програма и забава со познати естрадни уметници од Србија. Ноќевање.

Втор ден: 01.01.2023 (недела)

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор кој нуди забава за сите. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондола која го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. За време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина – Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелскиот комплекс, каде се поставени повеќе од 30 реплики на различни диносауруси. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта можете повторно да ја следите музичката програма на Кралскиот Плоштад. Ноќевање.

Трети ден: 02.01.2023 (понеделник)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 159 евра (9.860 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус

  • Две ноќевања со појадок и вечера во хотел „Cigota“ 3*** во Златибор

  • Користење на базенот во хотелот

  • Посета на Врњачка Бања

  • Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Користење на релакс центарот во хотелот

  • Доплата за еднокреветна соба – 30 евра (за двете вечери)

  • Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)

  • Патничко осигурување

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Последен рок за пријавување: 01. Декември 2022 година

Прочитај Повеќе

Маршута

Вклучува/Не вклучува

Локација

од 159 €

Можеби ќе ви се допадне