fbpx
from €259,00
Book Now

ДОЧЕК НА НОВАТА 2023 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ДОЧЕК НА НОВАТА 2023 ГОДИНА ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** ИГАЛО

(СО ВКЛУЧЕНИ ДВЕ НОВОГОДИШНИ ВЕЧЕРИ)

(30.12.2022 – 02.01.2023)

Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се поблиску и подлабоко ги чувствувате. И едноставно, не можете да не ги засакате. Тогаш зошто во еден од нив да не ја испратите старата и дочекате Новата Година? Во малиот рај на Црногорското приморје каде чудно е како и сонцето заоѓа кога ваква убавина никаде нeма да најде Има нешто посебно во неговите камени скали и испреплетени улици во кои цела зима цветаат рози, има нешто меѓу двете синила- морското и небесното… Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, посакајте си Среќна Нова…

Прв ден: 30.12.2022 (петок)

20:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 22:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 31.12.2022 (сабота)

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Сместување на групата во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** (https://www.palmonbayspa.com) во Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата Херцегновачка ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година со свечена вечера и музичка програма во живо. Ноќевање.

Трети ден: 01.01.2023 (недела)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Слободно попладне за користење на базенот и спа центарот во хотелот. Вечерта, втора новогодишна вечер со свечена вечера и музичка програма во живо (реприза на новогодишната ноќ). Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2023 (понеделник)

Појадок. Слободно време за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските часови во вторник, на 03. Јануари.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………259 евра (16.060 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус

  • Две ноќевања со појадок во хотелот Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Игало (сместување во стандардни соби со поглед во двор)

  • Две свечени новогодишни вечери со музика во живо

  • Користење на базенот и спа центарот во хотелот

  • Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Пијалоци за време на двете свечени вечери

Доплата за еднокреветна соба-55 евра (за двете вечери)

  • Туристичка такса– 1,50 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

View More

Itinerary

Included/Excluded

Tour's Location

from €259,00

You might also like