from €0,00
Book Now

ДУБАИ ЗА 8 МАРТ ОД СКОПЈЕ

Not Rated

Duration

Tour Type

Daily Tour

Group Size

Unlimited

Languages

___

Overview

Print Friendly, PDF & Email

ДУБАИ ЗА 8 МАРТ ОД СКОПЈЕ
04/05-09/10.03.2021

 

MILLENNIUM BARSHA 4* – BB BARSHA

(макс. Соба 2 возрасни + 1 дете до 11,99 без сопствен кревет)
УСЛУГА ТИП НА СОБА/ СМЕСТУВАЊЕ 05-09.03.2021
4 НОЌИ
НП По лице во двокреветна соба € 599
НП доплата за еднокреветна соба € 110
НП дете 2-3.99 без кревет (со 2 возрасни лица) € 490
НП дете 4-11.99 без кревет (со 2 возрасни лица) € 529
TK1006 04MAR SKPIST 2040 0015+1/ TK 762 05MAR ISTDXB 0130 0700
TK 761 10MAR DXBIST 0330 0725/ TK1003 10MAR ISTSKP 0850 0815
Период на патување 04-10.03/ период на престој 05-09.02/ 7 дена – 4 ноќи

*** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА – ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА – ПРОМОТИВНА ЦЕНА ОД СКОПЈЕ ***

Програма на патувањето: 7 дена-4 ноќи – авиокомпанија TURSKISH AIRLINES

04-05.03 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ.
Полетување на авионот за Дубаи во 20.40 часот. Слетување во Истанбул во 00.15 (нареден ден). Полетување од Истанбул за Дубаи во 01.30 часот. Слетување во Дубаи на 2 ден во 07.00 часот (саатници се согласно локално време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување (пријавување во хотелото после 14 часот). Можност и за ран check-in, доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. За гарантиран ран check-in и лица кои сакаат веднаш да се сместат во соба постои можност за доплата на истата услуга согласно политика на хотелот (доплата на барање и пред тргнување од Скопје, околу 28еур по лице). Слободен ден за индивидуални активности и посета на плажа (LA MER BEACH, JUMEIRAH BEACH – the walk, KITTE BEACH). Ноќевање.

 

 

 

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ – ПОПЛАДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – согласно протоколи во момент на престој
Попладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме и ги гледаме прекрасните танцувачки фонтани. Враќање во хотелот. Ноќевање. За заинтересирани патници можна е посета на Burj Khalifa – највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат …Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови. Останатите патници кои не скаат да се вратат во хотелот со трансфер можат да останат во ДУБАИ МОЛ и да го прошетаат истиот и да вечераат – индивидуален тарнсфер до хотелот.

06-08.03 ДУБАИ – слободни денови за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии (разглед на Дубаи, крстарење со брод ,сафари во пустина ,посета на Mirical garden /Golbal village ) и останати факулатативни екскурзии (на барање, со резервација и уплата пред тргнување од Скопје).
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise
Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).

09-10.03 ДУБАИ-ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ.
Одјавување од хотелот на 09.03 во 12 часот. Време за слободни индивидуални активности. Трансфер за аеродром во 23.30 часот. Полетување на авионот од Дубаи во 03.30 часот на 10.03. Слетување во Истанбул во 07.25 часот. Полетување од Истанбул во 08.50 часот. Слетување во Скопје во 08.15 часот (саатници се согласно локалвно време, варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).

                                                          
Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми) /услуга ноќевање со појадок

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет на релација Скопје-Истанбул – Дубаи – Истанбул –Скопје (вклучен багаз рачен 7кг и чекиран 30кг, согласно политика на авио компанија);
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром ;
  • 4 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out);
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)
Цената НЕ вклучува:
  • Влезна виза за Дубаи – 85ЕУР по лице (задолжително за сите возрасни лица)
Промоција за ФЕБРУАРИ (до официјално инфо од имиграционо одделение во ОАЕ)
* За деца до 18 години кои патуваат со родители – БЕЗ ТРОШОЦИ ЗА ВИЗА
– аеродромски такси – 40ЕУР по лице (се плаќаат во агенција пред поаѓање и се променливи согласно политика на авио компанија до резервација на авио карта)
– задолжително негативен ПЦР тест (96 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи)
* За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи и за транзит во Турција)
* Согласно моментални протоколи за транзит во Турција (без излегување од транзит зона и напуштање на аеродорм) не е потребен PCR ТЕСТ
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ – НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редозлед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)
– ДУБАИ САФАРИ – со збирен трансфер/ 45еур по лице
– КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА – со збирен трансфер/ 45еур по лице
– ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – збирна/ 35еур по лице
– Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат – останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ
– Моментално е забранет влез од Дубаи за Абу Даби туристички (ако се влезе потребен е карантин 14 дена) и нема можност за организација на тура АБУ ДАБИ
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот

ОВАА ПРОГРАМА НЕ Е ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА НА TА АРИЕС, И ЗА ИСТАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ КОВИД ВАУЧЕР!

View More

Tour's Location

Created with Sketch.
from €0,00

You might also like